Белград – Седма Викилајф конференција за уредници на Википедија од регионот

На 1 и 2 април оваа година се одржа седмата по ред Викилајф конференција за уредници на Википедија од регионот во Белград.

Конференцијата беше одржана во СКИП центарот. Викилајф конференцијата беше во знакот на 20 години Википедија на српски јазик каде се одржаа многубројни предавања, панел дискусии, дружење и споделување на проекти поврзани со Википедија.

Оваа година, Глам Македонија ја испрати Фросина Димитрова – менаџер за администрација и логистика.

Викимедија Србија секоја година на Викилајф конференцијата ги поканува сите ученици од регионот да чујат и да ги споделат своите искуства и успешни проекти и модели на соработка кои би можеле да се имплементираат со заедницата во иднина.

Конференцијата заврши со доделување на наградата Викимедија „Бранислав Јовановиќ“. Ова е годишна награда која Викимедија Србија ја доделува на уредниците на Википедија на српски јазик за нивниот придонес во ширењето на слободното знаење. Овогодинешниот добитник на наградата е Драган Сатариќ, а признанието го доби поради неговото застапување за Википедија од самиот почеток.

Другите учесници се здобија со потврди за следење и присуство на конференцијата.

На фотографијата: сите учесници на Викилајв од првиот ден.