

Наградени се шест статии и тоа две со први награди и вредносен ваучер од по 2000 денари и четири статии по 1500 ден ваучер.
Име на статија – Корисничко име
Бидете дел од светот полн со нови знаења!
Група на тековни и нови членови од Вики-клуб Охрид, под менторство на Наташа Неданоска, деновиве беа во посета на гајдаџијата Целе Блажески во село Белчишта. Дедо Целе е гајдаџија од својата 16 година, а изработува гајди од 30 години.
Целта на посетата е децата да научат повеќе за Нематерјално културно наследство кое е урбано колку што е и рурално
На оваа работилница Дедо Целе им ја кажа историјата за гајдаџиството во нивното село и нивното семејство, за неговите настапи на многу фестивали, за процесот на изработка на гајдата и за нејзино свирење.
Од оваа посета, а и од следните кои се планирани, ќе произлезат статии на оваа тема на Википедија на македонски јазик.
Статиите може да се на било која тема, само треба да се внимава на преводот и правописот.
Статии без илустрација (анг. Wikipedia Pages Wanting Photos, WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости.
Конкурсот траеше од 1 јули до 31 август а наградени се 5 учесници кои освоиле најмногу бодови. Резултатите од конкурсот се објавени на следниот линк:
https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Статии_без_илустрација_2023
За време на викендот 22 -24 септември, ќе биде одржан Вики кампот во Михајлово на Кожуф. „Вики го сака живото наследство“ е проект кој трае цела година, поттикнат од Сузана Анас од Копенхаген, која на овој камп ќе ги поздрави учесниците во петок на неговото отворање. Вики кампот е дел на овој глобален проект за оваа 2023 година.
“Да го зачуваме живото наследство“ е мотото на годинешниот Вики камп кој е проект на ГЛАМ Македонија, со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество а во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања а за најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот.