ВИКИМЕДИЈА ЦИЕ КОНФЕРЕНЦИЈА 2021

Од 5 до 7 ноември 2021 година, се одржа годишната конференција на Википедијанците од Централна и Источна Европа, која втор пат заради пандемијата не се одржува во живо. Членовите на ГЛАМ Македонија учествуваа на оваа конференција со две презентации. Ана Вишинова, ГЛАМ координатор, зборуваше за ГЛАМ програмата и соработка со ГЛАМ институциите. Валентина Трајкоска и Наташа Неданоска, двете координатори за образование на ГЛАМ Македонија, имаа заедничка дискусија заедно со претседателката Снежана Штрковска, при што ја претставија годишната образовна програма на ГЛАМ Македонија.