Вики клуб Охрид како дел од ГЛАМ Македонија, под менторство на матичниот Википедијанец и професор Наташа Неданоска, координатор на клубот, вчера на ден 17. 01. 2023 година, заедно со своите вредни ученици уредуваа статии на Википедија на македонски јазик во просториите на Касарна Хаб во Охрид.
На вчерашната работилница се уредувале статии, секоја година, петта по ред, тема “ретки болести” под слоганот “За да не се ретки оние кои знаат за ретки” за потребите на кампањата Ги Запознаваме Ретките Болести.
Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести Вики Клуб Охрид учествува и придонесува на Википедија на македонски јазик да се збогатува со нови статии за овие ретки болести.
Националната кампањата започнува од први фебруари и трае цел месец.
ГЛАМ Македонија им благодари на сите волонтери на Вики Клуб Охрид за успешното збогатување на Википедија на македонски со содржини од големо значење.