Вики Тим Билдинг беше оддржан од 22 до 24 октомври за членовите на ГЛАМ Македонија и ЕДУ координатори во близина на Охрид. Настанот го отвори претседателката на ГЛАМ Македонија, Снежана Штрковска. На настанот беа присутни 16 членови на ГЛАМ Македонија и ЕДУ координатори, и сите имаа мала дискусија, се претставија, заедно со своите достигнувања и искуства за Википедија и организирање на настани.
