Го прошируваме нашиот тим!
Станете дел од Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија, кое е признат огранок на Фондацијата Викимедија во Македонија, и работи на промовирање на Википедија, како и на други проекти.
На отворената работна позиција за период од 1 септември – 31 декември 2023 година, со можност на продолжување во следната 2024 година, се бара иновативен, мотивиран поединец, со добро чувство за професионална одговорност и со работна етика за позицијата:
* Менаџер на образовната програма
Потребни квалификации:
- Најмалку ВСС VII/1 степен (или најмалку 240 кредити според ЕКТС)
- Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
- Возачка дозвола Б – категорија – не е услов
- Познавање на работа со Википедија се смета за предност
- Работно искуство од најмалку 2 години во невладин сектор се смета за предност
- Работно искуство од најмалку 2 години во образовние (на проекти и/или работа со ученици) се смета за предност
Работно време:
Работното време е 6 часа дневно, од кои 4 платени и 2 волонтерски часа, но доколку проектите го бараат тоа, може да биде и попладневно или за време на викенди.
Одговорности и задачи:
- Да ги води Вики клубовите кои ги имаме веќе воспоставено низ Македонија, како и да отвора нови;
- Да ги организира и да ги води обуките на учениците, наставниците и возрасните за уредување на Википедија;
- Да органзира и спроведе (со помош на останатите вработени и волонтерите): вики конференции за наставници, натпревари за уредување, работилници, вики камп и други активности поврзани со образовната програма;
- Да врши организирање на материјали и услуги потребни за проектите.
Ние нудиме:
- Платена обука во траење од неколку месеци, и потоа вработување на пола работно време;
- Интересна и исполнета седмица, соработка со различни профили на луѓе;
- Патување.
Ве покануваме да ја доставите Вашата професионална биографија (CV), мотивациско писмо и фотографија со назнака за позицијата на мејлот glammacedonia@gmail.com
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.