Во текот на месец март се вклучија вкупно 25 нови членови во Вики Клубовите во Македонија. Бројката на членови сега е 171 член, распоредени во трите активни Вики Клубови што ги води ГЛАМ Македонија, и тоа: Вики Клуб во Музеј на македонската борба, Вики Клуб Старо Нагоричане и Вики Клуб Охрид.
На учениците кои доаѓаат за првпат во Вики Клуб им се дава кус вовед за тоа што е Википедија, се водат низ процесот на регистрирање како корисници, и потоа се воведуваат низ процесот на уредување на Википедија. Учениците се поттикнуваат да пишуваат (уредуваат) од дома, а во Вики Клубовите да доаѓаат по потреба, да научат нешто ново при уредувањето, на пример.
Досега, членовите на Вики Клубовите создале 818 нови статии, а 1350 постоечки статии надополниле и прошириле со текст.