ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ШВЕДСКА – РЕЗУЛТАТИ

На 1 ноември 2021 година започна уредувачкиот маратон „Запознајте ја Шведска“ во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска траеше до 30 ноември. Иако, вообичаените
работилници биле изоставени, Википедија на македонски јазик беше збогатена со 670 нови статии. Објавените статии може да се видат на овој линк. Доделувањето на дипломи и награди ќе се одржи на 13 декември 2021 година во Македонска опера и балет, во рамки на шведската прослава на Св. Лусија.
Според доделените поени од страна на жири комисијата, првите пет победници се според овој редослед, а останатите резултати можете да ги погледете на линкот:

  1. Марко К.: 921 поени (95 статии)
  2. Petar Barsa: 816 поени (175 статии)
  3. Viktor Borojevic: 394 поени (61 статија)
  4. Kostovska: 369 поени (104 статии)
  5. Irena Milojevik 261 поени (11 статии)