ОБУКА НА НАСТАВНИЦИ – ВЕЛЕС

На 28 септември 2021 се одржа обука на наставници во Велес. На обуката присуствуваа повеќе од 16 наставници од неколку школи од Велес. За време на обуката присутните беа запознати со предизвиците за тоа како се користи Википедија во училница, со активностите на Вики Клуб Велес, а на крајот се одржа и едночасовна обука за уредување на Википедија.

Обука на наставници е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија.