Обука на студенти од катедрата на италијански јазик и книжевност на Филолошки факултет ‘’Блаже Конески’’ – Скопје

Во соработка и заеднички проект со Амбасадата на Италија во Македонија, Глам Македонија организираше и реалиизираше обука на десет студенти од катедратата на италијански јазик и книжевност од УКИМ.

Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Македонија организираат проект кој е моментално во тек за едномесечен уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Италија’’, каде членовите на Вики клубовите се поканети да пишуваат и уредуваат статии поврзани со културата историјата и на други теми за Италија, додека пак студентите од УКИМ се поканети да пишуваат на теми за музиката и филмот низ времето во Италија.

 

За таа цел во петокот на ден 24.03 во просториите на УКИМ, студентите од катедрата на италијански јаизк имаа обука како се уредуваат и пишуваат статии на Википедија на македонски јазик. Предавачи на обуката беа Фросина Димитрова и Елена Крстева – вработени во Глам Македонија. Обуката беше во времетраење од два ипол часа. Гости на настанот беа Проф. Д-р, Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет, менторката Проф. Д-р Ирина Талевска и Проф. Д-р Лучиана Гуидо Шремпф, менторка и раководител на Катедрата.

Студените се поканети да учествуваат и да го дадат својот придонес со нови статии за италијански теми  за музика и филм на Википедија на македонски јазик.

 

Да им посакаме добредојде и лесно уредување!