На 30 мај 2019 година, започна со работа Вики Клубот во Струга, во рамки на средното училиште „Нико Нестор“. На првата обука присуствуваа дванаесет ученици, кои успешно создадоа нови статии на Википедија на македонски јазик. Вики Клубот во Струга работи под водство на професорот Нела Најдоска-Василевска.
Инаку ова е шести Вики Клуб во Македонија што го води здружението ГЛАМ Македонија. Првиот и најголем Вики Клуб беше основан вна 19 октомври 2016 година во просториите на Музј на македонската борба, а останатите Вики Клубови се во Старо Нагоричане, Охрид, Штип и Гевгелија.