Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Македонија потпишаа договор за меѓусебна соработка за едномесечен уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Италија’’.
Едомесечниот предизвик е во времетраење од 01.03 до 31.03 овааа година, а сите членови на Вики клубовите се поканети да учествуваат и да го дадат својот придонес со нови статии за италијански теми на Википедија на македонски јазик.
Како новитет во овој проект, на наше големо задоволство за прв пат ќе се приклучат и студентите од УКИМ од катедрата за италијански јазик и книжевност.
Проектот е во организација на Здружението Глам Македонија а поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје.