Четирите Вики Клубови во Република Македонија работат активно. Во последните два месеца, односно во периодот од 10 октомври до 9 декември 2018 година, активни беа 41 ученик, кои создадоа и надополнија вкупно 234 статии на Википедија на македонски јазик. За најактивните следуваат награди и дипломи, а наградени се (следуваат корисничките имиња):
Прво место – Jtasevski123
Второ место три добитници – Simonka34, Bogdanovicm и Velichovskas
Трето место три добитници – Kalan Wiki2, S.korceva123 и B.cvetkova02
Четврто место три добитници – Ema Trajcevska, Sofka.01 и V georgiev
За најдобри статии се прогласени статиите: Виктор Емануел III и Бени Гудман.
Им честитаме на добитниците.