Потпишан новиот договор со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Соработката со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје продолжува и оваа година, со договорот за соработка и испраќање матичен Википедијанец, што е потпишан деновиве од двете страни. Со оваа соработка очекуваме да се создадат нови и да се подобрат постоечките статии на Википедија на македонски јазик, користејќи ги книгите од Градската библиотека.

За потсетување, од досегашната соработка меѓу ГЛАМ Македонија и Градската библиотека, беа додадени 301 референца на постоечки статии на Википедија на македонски јазик, беше организирана Вики прошетка низ Градската библиотека со членови на Вики Клубот во Старо Нагоричане, една работилница, еден уредувачки маратон (edit – a – thon), беа создадени најмалку 15 нови статии од книгите во Библиотеката, а дел од вработените библиотекари ја поминаа обуката за уредување на Википедија. Исто така плод на соработката беше и отворената панел дискусија на тема „Потребата од дигитализација во 21 век“, што се одржа на 18 јануари 2018 година во Градската библиотека.