Дваесет и четири нови статии и триесет и пет постоечки надополнети со текст и референци е првиот резултат од активноста на матичниот Википедијанец во Институт за национална историја (ИНИ). Статиите се на тема: Народноослободителната војска на Македонија, а Википедијанците кои работеа во изминатиов период ја користеа книгата на д-р Марјан Димитријевски: Македонската војска 1944 – 1945, издание на ИНИ од 1999 година.
