На 24 декември 2021 се одржа семинар на наставници во Скопје. На семинарот присуствуваа 10 наставници од ОУ Лазо Трповски во Скопје. За време на семинарот присутните беа запознати со медиумската писменост и култура, со предизвиците за тоа како се користи Википедија во училница, и на крајот со активностите на Вики Клубовите како и програмите на Здружението.
Обука на наставници е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија.