Во организација на здружението ГЛАМ Македонија, на 2ри март 2023 година, организираше уште еден семинар за наставници од ОУ „Браќа Миладиновци“ – Аеродром во Скопје.
На предавањата, учество зедоа дури 14 наставници по различни наставни предмети, а предавачи беа М-р Татјана Гогоска која зборуваше за Медиумската писменост и култура кај возрасните и нивното влијание врз деца, Ана Вишинова за Вики Клубовите и Вики Камповите, нашата вработена – Елена Крстевска и претседателката на ГЛАМ Македонија – Снежана Штрковска, која наставниците ги запозна со активностите на организацијата.
На крајот од 3 часовниот семинар, сите учесници се здобија со Сертификат за успешно завршен семинар.