По повод претстојното одбележување на денот на дивиот свет, на ден 24. 02.2023 година (петок) Глам Македонија во соработка со Золошката градина во Скопје, организираа интересна активност- уредувачки маратон за учениците од СУГС ‘’Јосип Броз Тито’’ од Скопје.
Настанот се одвиваше во прекрасна атмосфера каде учениците најпрво беа прошетани и запознаени со животните низ Зоолошката градина со спезијализиран едукатор и вработен од институцијата. Потоа задача им беше да напишат/дополнат статии за животни кои недостастасуваат на македонски јазик на Википедија.
15 ученици пишуваа и надополнуваа статии на теми како за Белоглав
стрвинар, Антилопа, Туатара, Лемур, Зелена морска желка, Кафеав стаорец итн, создавајќи 17 нови статии на македонски јазик на Википедија.
Настанот беше во времетраење од три исполнети часа, проследени со многу едукација, забава, и пишување.
Се надеваме дека учениците уживаа во оваа активност и се надеваме дека во иднина ќе имаме уште многу интересни активности од ваков тип.
Посебна благодарност до Татјана Гогоска – вработена во Зоо Скопје, која ја даде идејата и заднички ја реализиравме истата.