Во уредувачкиот натпревар за ученици на возраст од 15 до 18 години на тема „Биосферни резервати во светот“, кој започна на 19 април 2021 година и траеше до 9 мај 2021 година, 7 млади уредувачи зедоа учество и ја збогатија Википедија на македонски јазик со 123 нови статии.
Најдобро уредените статии беа наградувани секоја седмица.
– I седмица, Мамутска пештера (национален парк) од Pta345MK
– II седмица, Биосферен резерват на пеперугата монарх од SirGoldenBlade
– III седмица Пенеда-Жереш од SirGoldenBlade
Според доделените поени од страна на жири комисијата, крајните резултати може да ги погледнете тука.
1. SK827 – 787
2. Pta345MK – 658
3. SirGoldenBlade – 265
Натпреварот беше одржан во соработка со здружението „Споделено знаење“.
Им честитаме на добитниците!