2023 – Година за поширока и посеопфатна соработка на ГЛАМ МАКЕДОНИЈА

Многу настани, еден голем предизвик, кој Глам Македонија го совлада одлично а тоа е Конференцијата за Wikimedia CEE Meeting 2022 – Ohrid,  во месец октомври во Охрид, каде се собраа Википедијанци од Централна и Источна Европа и заминаа со нови знаења и планови за понатамошна соработка.
На почетокот од патеката, насловена како “2023 година“, пред ГЛАМ Македонија се многу планови, предизвици, нови содржини и активности и побројно членство.
Збогатувањето на содржините на Македонски јазик се главниот предизвик и цел а до тоа ќе се дојде со организиарање на: Уредувачки денови, Избор на најдобри статии, спороведување Работилници за наставници, формирање на нови Вики Клубови,  организирање на Вики камп и слични активности. Воедно многу важни актвности се оние за проширување на соработката со Институции, организации, Амбасади како и учество на претставници на ГЛАМ на Конференции во светот.
Целта е единствена, а тоа е се поголем број на вклучени директно во пишувањето на статии на македонски јазик , како и мотивирање за примена на иновативните алатки од светот на Википедијата, за полесен и поцелисходен пристап кон најразлични корисни содржини, кои секако  ќе имаат далекусежно позитивно влијание на сите корисници и идни корисници на Википедијата на македонски јазик.
ГЛАМ Македонија останува отворена за соработка со сите профили: од ученици, студенти, образовниот, медиумскиот, научниот сектор за добивање на пообемни содржини во корист на сите.