УРЕДУВАЧКИ МАРАТОН – EuroPride 2022

На 14 септември 2022 година се одржува уредувачки маратон на тема EuroPride 2022. Активноста е дел од глобалниот повик EuroPride 2022 Edit-a-thon којшто се одвива од 12 до 18 септември 2022 година. Уредниците го дадоа својот придонес со вкупно 31 нова статија.

Сите новосоздадени статии може да ги погледнете на следниот линк.

ВИКИМАНИЈА 2022

Од 11 до 14 август 2022 година Викиманиа ги обедини сите википедијанци од целиот свет да го прослават и одржат отворениот пристап до знаењето. Оваа конференција е 17- та по ред и е глобален водечки википедијански настан кој по втор па се одржува онлајн, а членовите на ГЛАМ Македонија ја имаа среќата да ја следат заеднички со википедијанците од Македонија.  Беа одржани четири заеднички средби за следење на Викиманија: две во Скопје, една во Охрид и една во Велес.

Викиманија овозможува перспектива во динамиката, учење на нови трендови и придонеси на различните пошироки области на движењето на Википедија.

Дел од атмосферата на фотографиите:

Статии без илустрација 2022

Статии без илустрација Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Кампањата е со времетраење од 01.07 и ќе трае до 31.08 оваа година, а резулатите ќе се објават на 10.10. 2022 година.

Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии.

Наградите ќе бидат доделени на најплодните учесници, кои имаат поставено илустрација на најмалку 100 различни статии на Википедија на македонски јазик.

За македонските учесници се обезбедени посебни локални награди. Вкупно има 5 награди поделени на следниов начин:

  1. Прва награда – ваучер во вредност од 12.000 денари (се доделува 1 ваучер на еден корисник)

  2. Втора награда – ваучер во вредност од 6.000 денари (се доделуваат 4 ваучери на четири различни корисници)

Прочитајте ги правилата и земете учество.

СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ ВО О.У КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ

Во организација на здружението ГЛАМ Македонија, на 30 јуни оваа година, успешно беше реализиран семинарот за наставници од О.У Кузман Јосифовски – Питу во Скопје.

На предавањата, учество зедоа дури 36 наставници по различни наставни предмети, а предавачи беа М-р Татјана Гогоска која зборуваше за Медиумската писменост и култура кај возрасните и нивното влијание врз деца, Ана Вишинова за Вики Клубовите и Вики Камповите како и претседателката на ГЛАМ Македонија – Снежана Штрковска, која наставниците ги запозна со активностите на организацијата.

На крајот од 3 часовниот семинар, сите учесници се здобија со сертификат за успешно завршен семинар.

УРЕДУВАЧКИ МАРАТОН – СВЕТСКИ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ 2022

На 24 јуни 2022 година се одржа уредувачки маратон на тема Светски ден на бегалците. Активноста е дел од глобалниот повик International Refugee Day Edit-a-thon 2022 којшто се одвиваше од 20-26 јуни 2022 година. Својот придонес го дадоа 19 уредници со 51 нова статија, кои ја збогатија Википедија на македонски јазик со нови статии и содржини.
Овие проекти се дел од Глам Македонија.

Сите новосоздадени статии може да ги погледнете на следниот линк.

ВИКИЛАЈВ 2022

Во деновите на 28 и 29 мај 2022 се одрша шестиот по ред Викилајв во белград, што е конференција на која српските Википедијанци и Википедијанците од регионот се собираат за да разменат искуства, да споделат технички решенија, и да договорат нови соработки.

Конференцијата беше одржана во СКИП центарот, а во текот на двата дена се одржаа и три тркалезни маси, односно паралелни сесии за образование, ГЛАМ програмата и разновидност.

Годинава ГЛАМ Македонија испрати свои претставници:

Наташа Старделова, која се вклучи со свое излагање во образовната тркалезна маса, и Снежана Штрковска, која имаше свое предавање на тема соработка со амбасадите.

На фотографијата: сите учесници на Викилајв од првиот ден.

ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТАТУЕТКИ ЗА ТРАЕН ПРИДОНЕС

На ден 25 05 2022 година се одржа свечено доделување на првите статуетки на Википедијанци за траен придонес, кое претставува највисоко признание кое што им се доделува на уредниците на Википедија на македонски јазик во знак на благодарност за нивниот долгорочен придонес кон проектот. Секој од наградените уредници се здоби со наградна статуетка со википедиски мотив – логото на Википедија.
Во план е  да се доделуват секоја година статуетки на Википедијанци кои ќе ги исполнат условите:
* најмалку 10 години од првото до последното уредување;
* најмалку 10 последователни години со направено уредување;
* најмалку 10.000 уредувања (без вратени и автоматски уредувања); и
* уредникот не бил блокиран на временски период подолг од една седмица

Ни претставува огромна чест и задоволство што овие статуетки ги доделува заедницата секоја година во знак на благодарност на Википедијанците кои се залагаат и ја збогатуваат Википедија на македонски јазик, изјави Снежана Штрковска председател на Глам Македонија.

УРЕДУВАЧКИ НАТПРЕВАР НА ТЕМА „Статии по години по област“

 

Во период од 18 април до 8 мај 2022 се организираше уредувачки натпревар на тема ‘’Статии по години по области’’, проект беше реализиран од страна на здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“, „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој имашe за цел да помогне во подобрување на веќе постоечките статии како и создавање на нови статии. На напреварот право на учество имаа исклучиво ученици на возраст од 15 до 18 години. Учесниците во рамките на натпреварот требаа да уредуваат статии, кои недостигаат на Википедија на македонски јазик а истите беа прегледувани и бодувани од страна на три члено жири, кое донесе конечна одлука за победниците.

Во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

1 место – Виктор Боројевиќ

2 место – КаланВики и за најдобра статија во втората недела

3 место – Петар Барса

Особено горди што сите тројца добитници се членови на Вики Клубовите на Глам Македонија.
Повеќе инфо на следниот линк.

ВИКИ КАМП – МАВРОВО 2022

Здружението ГЛАМ Македонија кое работи на организирање на настани поврзани со слободната енциклопедија Википедија во соработка со училиштата низ Македонија и наставници-ментори на Вики Клубовите, организираше Вики Камп за ученици од различни градови од Македонија.

Вики Кампот беше во траење од три дена, од 6 до 8 мај 2022 година и се одвиваше во Комплекс Кораб Трница во Мавровскиот регион. Учествуваа 40 ученици од основни и средни училишта во Македонија, кои преку меѓусебно запознавање и дружење имаа можност да се запознаат и да бидат обучени за уредување на статии на Википедија на македонски јазик.

Во текот на овие три дена создадоа 353 нови статии на теми за флора и фауна на Википедија на македонски јазк. Меѓу другите активности на Вики Кампот се одвиваа предавања и обуки и
заеднички работилници за напредно уредување на Википедија. Стана збор и за начинот на проведување на експедициските теренски истражувања од областа на географијата, природата, земјоделството, културното наследство, архитектурата и археологијата. Исто така учениците имаа можност за организирана прошетка во Шаркова дупка, како и предавање на дипломиран еколог Икмет Ејупи од Националниот Парк Маврово.

Вики Камповите се добра можност младите википедијанци да стекнат сигурност во уредувањето
статии на Википедија, како и можност да ги разгледаат убавините на местото каде што се одвива Вики Кампот, изјави претседателката Снежана Штрковска.

Инаку ова е четврт Вики Камп во организација на ГЛАМ Македонија.

Сите фотографии можат да се видат на следниот линк.

УРЕДУВАЧКИ ДЕН – Меѓународен ден на Ромите

На 1 април 2022 година се одржа уредувачки маратон на тема Меѓународен ден на Ромите. Активноста е дел од глобалниот повик International Roma Day Edit-a-thon 2022 којшто се одвива од 1-8 април 2022 година.

Учество во уредувачкиот маратон земаа 27 уредувачи кои ја збогатија Википедија на македонски јазик со 128 нови статии на даденената тема. Им благодариме на сите кои го дадоа својо придонес.

Сите новосоздадени статии може да ги погледнете на следниот линк.