ВИКИ КЛУБ ОХРИД – нова интересна работилница

Од пред една година започна соработка и партнерство со Националниот парк Галичица кое е од огромна значајност за Википедија на македонски јазик и за нејзино збогатување со статии за вредниот ендемски жив свет во неа.

На инцијативна на една од најпосветените членови, Наташа Неданоска, се одржа работилница и предавање на тема: „Водоземци и влекачи во национален парк Галичица“ во просториите на НП Галичица. Предавањето го водеа Еди Фрцовски и Александар Минев од ИДСБ, а домаќин на настанот беше Ангела Тасеска од ЈУНПГ. На предавањето присуствуваа ученици од ООУ „Кочо Рацин“- Охрид, членови на Вики клуб Охрид, под менторство на координаторот Наташа Неданоска, кои по ова предавање, збогатени со материјали и информации од областа на херпетологија, за поединечните видови би ја збогатиле со статии Википедија на македонски јазик.

Целта е да се збогати Википедија на македонски јазик со квалитетни статии од областа на науката и културата и сè што е поврзано со градот Охрид во соработка со соодветните институции за нејзиниот регион, оставајќи трајни вредности на енциклопедијата. – велат од Вики клубот Охрид.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СРБИЈА – ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

Во Амбасадата на Србија 23 март, имаше свечено доделување на наградите за победниците на едномесечниот уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Србија’. Настанот беше организиран од страна на Амбасадата на Србија и Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија. На доделувањето учествуваа победниците, Амбасадорката Невена Јовановиќ, Преседателот на здружение на срби во Македонија – Гордана Јовиќ-Сојковска и член на извршен одбор на Глам Македонија како и Претседателот на здружението Снежана Штрковска. Википедија на македонски јазик е збогатена со 1206 нови статии на теми поврзани со Србија од 23 млади уредувачи. Најдобрите 6 уредувачи, се здобија со дипломи и награди кои ги додели Амбасадорката на Србија во Скопје.  Досега, од ваков тип на уредувачки натпревари се имаат успешно реализирани за Унгарија, Русија, Германија, Шведска како и сега за Србија. Во иднина очекуваме уште многу натпревари од ваков тип за различни земји и култури, изјави Снежана Штрковска – председател на Глам Македонија.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СРБИЈА – РЕЗУЛТАТИ

На 20 јануари 2022 година, започна едномесечниот уредувачки маратон за сите учесници на Вики Клубовите во Република Македонија „Запознајте ја Србија“ кој траеше до 20 февруари.

На уредувачкиот маратон беа создадени 1206 нови статии од 23 учесници. Целта на овој уредувачки маратон беше да се намали недостатокот на статии поврзани со српски теми како историја на Србија, географија, култура, познати личности итн. Доделувањето на наградите ќе биде на 23 март (среда) 2022 година во 13 часот во Амбасадата на Србија.

Добитниците ќе бидат лично контактирани за да се известат за условите на доаѓање и приемот во амбасадата. Според доделените поени од страна на жири комисијата, првите пет победници се според овој редослед, а останатите резултати можете да ги погледете на линкот:

1. Марко К.‎ – (190 статии) 2203 поени
2. Kostovska‎ – (96 статии) 1035 поени
3. Mario Stamenkoski – (254 статии) 985 поени
4. Petar Barsa‎ – (104 статии) 845 поени
5. Gdimovska13 – (93 статии) 788 поени
5. Viktor Borojevic – (140 статии) 788 поени

УРЕДУВАЧКИ МАРАТОН „ЖЕНИТЕ ВО УМЕТНОСТА“

На ден 14 март 2022 година се одржа уредувачки маратон на тема „Жените во уметноста“. Активноста е дел од глобалниот повик Celebrate Woman којшто се одвива во текот на месец март. Настанот се одвиваше на повеќе локации низ Македонија: Охрид, Велес и Скопје (Чифте амам).
Учествуваа членови на речиси сите вики клубови, како и возрасните википедијанци. Во соработка со Националната галерија на Македонија, беше одржана работилница, во чии рамки учениците, членови на вики секцијата од Скопје, од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево, имаа можност да ја проследат изложбата во Чифте амам со наслов „Процут на женственоста“. Во библиотеката во Велес беше одржано заедничко уредување, и членовите на Вики Клуб Охрид се собраа на заедничко уредување.

На уредувачкиот маратон се приклучија 41 учесници, создавајќи 239 нови статии.

Ова беше еден од поголемите настани во организација на Глам Македонија.

На фотографиите дел од атмосферата:

СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ ВО ВЕВЧАНИ – ОУ Страшо Пинџур

На 11 март 2022 година се одржа семинар на наставници во Вевчани во ОУ Страшо Пинџур. На семинарот учестуваа 21 наставниици по различни наставни предметни програми. За време на семинарот присутните беа запознаени со медиумската писменост и култура, со предизвиците кои ги носи користењето на Википедија во училница, со активностите на Вики Клубот од Охирд како и програмите на Здружението. Предавачи на семинарот беа м.р Татјана Гоговска, Наташа Неданоска како и председателката на Глам Македонија – Снежана Штрковска.

Обука на наставници е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија.

УСПЕШНО ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ВИКИПЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

На 17 феврури 2022 година во ОУ Гоце Делчев во општина Аеродром, се одржа 3 часовен семинар за наставници во организација на Глам Македонија. На семинарот присуствуваа 10 предметни наставници.

Предавање одржаа м-р Татјана Гогоска која зборуваше за медиумската писменост и култура, Ана Вишинова за Вики Клубот и неговите активности и Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ за позитивните аспекти на користење на Википедија.

За време на семинарот присутните беа запознати со медиумската писменост и култура, со предизвиците за тоа како се користи Википедија во училница, и на крајот со активностите на Вики Клубовите како и програмите на Здружението.

Обука на наставници е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија.

ВИКИ КЛУБ – Охрид со креативна работилница по повод „Светски ден на влажните живеалишта“

Вики клуб – Охрид по повод „Светски ден на влажните живеалишта“ организираше дружење и работилница со  учениците од VIII-2 одделение, членови во Вики клубот од Охрид, при ООУ „Кочо Рацин“- Охрид и нивниот одделенски раководител Наташа Неданоска која воедно е и едукатор за образование на ГЛАМ Македонија.

Работилница со наслов „Свет без мочуришта е свет без вода“ беше за осознавање за тоа зошто се значајни овој тип на живеалишта и на истата тема членовите напишаа неколку статии за Википедија на македонски јазик.

Им благодариме што придонесуваат за Википедија на македоснки јазик биде побогата со уште неколку нови уредени статии.

ФЕВРУАРИ ВО ЗНАКОТ НА РЕТКИ БОЛЕСТИ

Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести денеска почнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2022’’

На први Февруари започна уредувачкиот едномесечен маратон за уредување на статии од страна на Вики Клуб Охрид, во рамките со  националната кампањата „Ги запознаваме ретките болести“.
Четврта година по ред, Вики Клуб Охрид го посветува месец февруари на збогатување на содржините како и со уредување на сттаии на Википедија на македонски јазик за подигање на свеста за ретките болести под мотото „За да не се ретки оние кои знаат за ретки“. Википедија на македонски јазик е збогатена со нови 28 уредувачки статии, се со цел за подигнување на свеста за луѓето погодени од некоја ретка болест, но и со проблемите со кои се соочуваат тие и нивните семејства.

ГЛАМ Македонија им благодари на сите волонтери на Вики Клуб Охрид за успешното збогатување на Википедија на македонски со содржини од големо значење.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СРБИЈА

Денеска почнува едномесечниот предизвик „Запознајте ја Србија“

Запознајте ја Србија е уредувачки едномесечен предизвик кој се одржува од 20 јануари (00:01) до 20 фебруари (23:59) 2022 година. Проектот е во организација на Глам Македонија а подржан од Амбасадата на Србија. Тие што сакаат да учествуваат мораат да се член од вики клубовите, да се направи нова статија или да се надполони постоечка а статиите да бидат на српкси теми.

Повеќе информации на следниот линк.

ВИКИПЕДИЈА ГО ПРОСЛАВИ 21-0Т РОДЕНДЕН

Википедија на 15 јануари го прослави својот 21-от роденден на кој во светот е познат како Ден на Википедија и кој глобално го слават сите уредници и волонтери од различни земји ширум светот.

На 15 јануари, двајца американски бизнисмени, Џими Велс и Лери Сангер, лансираа бесплатна онлајн енциклопедија. Ја нарекоа „Википедија“.

Денес, Википедија е најголемата светска енциклопедија на знаење и е меѓу првите 5 најпосетувани интернет сајтови во светот, достапна е на повеќе од 300 јазици која се одржува и обновува со помош на огромната заедница на уредници-волонтери. Се проценува дека 250.000 луѓе низ цел свет придонесуваат на „Википедија“ секој месец и месечно има 22 милијарди посети. Таа денес е важен извор на информации за милиони луѓе кои се дигитално поврзани. 

По повод 21виот роденден нашите википедијанци го прославија роденденот пишувајќи статии како подарок за неа. Во текот на денот беа напишани и објавени 18 статии од вкупно 15 уредувачи, пишувајќи на различни теми. Сите објавени статии можете да ги видите на линкот.

Среќен роденден, драга наша Википедија!