СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ

На 24 декември 2021 се одржа семинар на наставници во Скопје. На семинарот присуствуваа 10 наставници од ОУ Лазо Трповски во Скопје. За време на семинарот присутните беа запознати со медиумската писменост и култура, со предизвиците за тоа како се користи Википедија во училница, и на крајот со активностите на Вики Клубовите како и програмите на Здружението.

Обука на наставници е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија.

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ – ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ШВЕДСКА

Победниците на едномесечниот уредувачки предизвик „Запознајте ја Шведска“ што се одржа во месец ноември за членовите на Вики Клубовите, како и претседателката на здружението на граѓани ГЛАМ Македонија, Снежана Штрковска, и двајцата координатори за овразование и ментори на учениците, беа поканети во Македонската опера и балет во Скопје на 13 декември. Денот на Света Луција е празник што Шведската амбасада во Скопје го слави секоја година. Многу политичари и амбасадори, беа присутни на оваа прослава. Наградите беа доделени од шведската амбасадорка г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон. Дел од атмосферата на фотографиите.

„Запознајте ја Шведска“ е четврт уредувачки предизвик од овој тип во организација на ГЛАМ Македонија.

ЖЕНИТЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

На 10 декември 2021 година се одржа уредувачки маратон на тема Жените за климатските промени. Активноста е дел од глобалниот повик Women in Climate Change којшто се одвива во текот на месец декември. На уредувачкиот маратон се приклучија 15 учесници, создавајќи 33 нови статии.

Сите придонеси може да се видат на следниот линк.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ШВЕДСКА – РЕЗУЛТАТИ

На 1 ноември 2021 година започна уредувачкиот маратон „Запознајте ја Шведска“ во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска траеше до 30 ноември. Иако, вообичаените
работилници биле изоставени, Википедија на македонски јазик беше збогатена со 670 нови статии. Објавените статии може да се видат на овој линк. Доделувањето на дипломи и награди ќе се одржи на 13 декември 2021 година во Македонска опера и балет, во рамки на шведската прослава на Св. Лусија.
Според доделените поени од страна на жири комисијата, првите пет победници се според овој редослед, а останатите резултати можете да ги погледете на линкот:

  1. Марко К.: 921 поени (95 статии)
  2. Petar Barsa: 816 поени (175 статии)
  3. Viktor Borojevic: 394 поени (61 статија)
  4. Kostovska: 369 поени (104 статии)
  5. Irena Milojevik 261 поени (11 статии)

ВИКИМЕДИЈА ЦИЕ КОНФЕРЕНЦИЈА 2021

Од 5 до 7 ноември 2021 година, се одржа годишната конференција на Википедијанците од Централна и Источна Европа, која втор пат заради пандемијата не се одржува во живо. Членовите на ГЛАМ Македонија учествуваа на оваа конференција со две презентации. Ана Вишинова, ГЛАМ координатор, зборуваше за ГЛАМ програмата и соработка со ГЛАМ институциите. Валентина Трајкоска и Наташа Неданоска, двете координатори за образование на ГЛАМ Македонија, имаа заедничка дискусија заедно со претседателката Снежана Штрковска, при што ја претставија годишната образовна програма на ГЛАМ Македонија.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ШВЕДСКА

Запознајте ја Шведска е уредувачки едномесечен предизвик кој се одржува од 1 ноември (00:01) до 30 ноември (23:59). Тие што сакаат да учествуваат мораат да се член на еден од вики клубовите, да се направи нова статија или да се надполони постоечка и да бидат статиите на шведски теми.
Повеќе информации на следниот линк.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СРПСКА – ВИКИ КЛУБ СТАРО НАГОРИЧАНЕ

На 30 октомври, Вики Клуб Старо Нагоричане одржаа уредувачки маратон на тема „Запознајте ја Српска“, како дел на меѓународниот повик. Имаше 5 учесници кои напишаа 9 статии.

Резултати за маратонот можете да ги најдете на следниот линк.

ВИКИ ТИМ БИЛДИНГ

Вики Тим Билдинг беше оддржан од 22 до 24 октомври за членовите на ГЛАМ Македонија и ЕДУ координатори во близина на Охрид. Настанот го отвори претседателката на ГЛАМ Македонија, Снежана Штрковска. На настанот беа присутни 16 членови на ГЛАМ Македонија и ЕДУ координатори, и сите имаа мала дискусија, се претставија, заедно со своите достигнувања и искуства за Википедија и организирање на настани.

На вториот ден од настанот Валентина Трајкоска оддржа презентација за „Википедија и врската со младите“, а Наташа Неданоска оддржа презентација за „Растежот на Вики Клуб Охрид“ и „Градење на партнерства“. Во попладневните часови, за присутните кои што не уредувале досега на Википедија, беше одржана обука за пишување статии на Википедија.
На последниот ден Стојна Арсовска-Доневска оддржа дискусија за проблемите со кои се среќаваат координаторите, особено по КОВИД-19 пандемијата. Настанот заврши со говор од претседателката Снежана Штрковска, доделување на сертификати за учество.
Ова е прв ваков настан односно тим билдинг на членовите на ГЛАМ Македонија.

РЕЗУЛТАТИ НА КАМПАЊАТА „Статии без илустрација“

Годинешната кампања „Статии без илустрација“, која траеше од 1 јули до 31 август, целта беше да се вметнат илустрации во статии на Википедија, односно со тоа да се збогати изгледот на самите статии. Оваа година во текот на двата месеца зедоа учество 13 учесници, кои вкупно уредија 4564 статии.

Според резултатите следните 5 учесници имаат најмногу уредени статии и се победници на кампањата:

ОБУКА НА НАСТАВНИЦИ – ВЕЛЕС

На 28 септември 2021 се одржа обука на наставници во Велес. На обуката присуствуваа повеќе од 16 наставници од неколку школи од Велес. За време на обуката присутните беа запознати со предизвиците за тоа како се користи Википедија во училница, со активностите на Вики Клуб Велес, а на крајот се одржа и едночасовна обука за уредување на Википедија.

Обука на наставници е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија.