На 23 април 2021 година ќе се одржи уредувачки маратон на тема „Светски ден на англискиот и шпанскиот јазик“. Активноста е дел од глобалните симболични „Светски ден на шпанскиот јазик“ и „Светски ден на англискиот јазик“ којшто се одвива во текот на месец април 2021 година.
Статиите кои ќе бидат напишани, уредени и одобрени ќе ја збогатат Википедија на македонски јазик и ќе останат во иднина да може да ги прочита секој што знае македонски јазик.
Архива
УРЕДУВАЧКИ НАТПРЕВАР НА ТЕМА „БИОСФЕРНИ РЕЗЕРВАТИ ВО СВЕТОТ“
Уредувачки натпревар на тема „Биосферни резервати во светот“
На 19 април 2021 година во 00.00 часот ќе започне уредувачки натпревар со наслов
„Биосферни резервати во светот“, на кој ќе имаат можност да учествуваат ученици на
возраст од 15 до 18 години.
Натпреварот ќе трае три недели и ќе заврши на 9 мај 2021 година во 23.59 часот по
македонско време.
Во рамките на натпреварот учениците ќе уредуваат статии, кои недостигаат на
Википедија на македонски јазик.
Најдобрите статии на учесниците ќе бидат наградувани на неделно ниво во текот на
три седмици. На крајот на натпреварот ќе бидат наградени најдобро уредените статии
изработени во текот на целиот уредувачки натпревар.
Уредувачкиот натпревар „Биосферни резервати во светот“ ГЛАМ Македонија го
организира во соработка со здружението Споделено знаење.
За повеќе информации за правилата може да прочитате тука.
Меѓународен ден на Ромите
На 2 април 2021 година се одржа уредувачкиот маратон на тема „Меѓународен ден на Ромите“. Активноста е дел од глобалниот повик International Roma Day Edit-a-thon 2021 којшто се одвива од 1-8 април 2021 година. Учество во уредувачкиот маратон земаа 19 уредувачи кои ја збогатија Википедија на македонски јазик со 36 нови статии. Објавените статии може да се видат на овој линк.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА РУСИЈА – ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
Во Музејот на македонската борба на 17 март, беше одржано доделувањето на наградите за победниците на едномесечниот уредувачки предизвик за членовите на Вики Клубовите на тема „Запознајте ја Русија”, организиран од страна на Амбасадата на Руската Федерација и Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија. На доделувањето учествуваа Амбасадорот Сергеј Баздникин и Претседателот на здружението Снежана Штрковска. Википедија на македонски јазик е збогатена со 625 статии на руски теми од 20 млади уредувачи. Најдобрите 5 уредувачи, се здобија со дипломи и награди кои ги додели Амбасадорот на Руската Федерација во Скопје. Настанот беше одржан според протоколите за физичка дистанца.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА РУСИЈА – РЕЗУЛТАТИ
На 1 февруари 2021 година започна уредувачкиот маратон „Запознајте ја Русија“ во соработка
со Амбасадата на Руската Федерација кој траеше до 28 февруари. Иако, вообичаените
работилници беа изоставени, Википедија на македонски јазик беше збогатена со 625 нови или подобрени статии.
Објавените статии може да се видат на овој линк.
Доделувањето на дипломи и награди ќе се одржи на 17 март 2021 година во Музеј на македонската борба.
Според доделените поени од страна на жири комисијата, првите пет победници, како и
останатите, се според овој редослед:
1. Damjan Kirovski: 827 поени (112 статии)
2. Ina pet: 507 поени (63 статии)
3. Petar Barsa: 486 поени (97 статии)
4. Krstevska123: 229.5 поени (70 статии)
5. MikasaAckerman10: 202 поени (16 статии)
6. Velichovskas: 162.5 поени (23 статии)
7. KiviTiki: 145 поени (16 статии)
8. Kostovska: 142.5 поени (48 статии)
9. Simonka34: 109 поени (8 статии)
10. Vila Rosa: 84 поени (127 статии)
11. Simona Trajkoska: 35.5 поени (14 статии)
12. Rebeka.s.k: 30 поени (3 статии)
13. Ema Trajcevska: 27 поени (2 статии)
14. Gdimovska13: 16 поени (4 статии)
15. Марко К.: 14.5 поени (10 статии)
16. EmiliGj: 11 поени (1 статија)
17. Doni12345: 11 поени (5 статии)
18. Нијасум: 8 поени (1 статија)
19. SirGoldenBlade: 6 поени (4 статии)
20. Анастасија Стојкова: 0.5 поени (1 статија)
ЕДНОМЕСЕЧНА КАМПАЊА „РЕТКИ БОЛЕСТИ”
Две и пол години по ред, Вики клубот Охрид и неговите членови под водство на Наташа Неданоска, во месец февруари, секојдневно уредуваа и објавуваа статии за кампањата за РЕТКИ БОЛЕСТИ.
За нивните активности, Вики клуб Охрид стана партнер со Светската организација на ретки болести, од каде што го поздравуваат волонтерскиот анганжман за ретките болести.
https://www.rarediseaseday.org – линк до објавата на англиски јазик.
Успешната едномесечна кампања не само што ја збогати Википедија на македонски јазик, но и успеа да едуцира голем број луѓе и да ја подигне свеста за ретките болести.
Оваа едномесечна кампања која беше поддржана и од многу медиуми се очекува да продолжи и наредната година.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА РУСИЈА
ГЛАМ Македонија во текот на месец февруари, ќе одржи едномесечен уредувачки предизвик
за членовите на Вики Клубовите на тема „Запознајте ја Русија”. Уредувачкиот проект е
поддржан од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.
Вообичаените работилници овојпат ќе бидат изоставени од безбедносни причини.
Учесниците во текот на месец февруари, ќе ја збогатат Википедија на македонски јазик со теми
поврзани со Русија, при што пишувајќи на темите тие учат за нејзината историја, географија,
култура, спорт и друго. Статиите кои ќе бидат напишани, уредени и одобрени ќе ја збогатат
Википедија на македонски јазик и ќе останат во иднина да може да ги прочита секој што знае
македонски јазик.
По завршувањето, во текот на месец март ќе бидат доделени дипломи и награди на свечен
јавен настан во Скопје. Наградите ги обезбедува Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.
За уредувачкиот месец, повеќе може да прочитате на следниот линк: Запознајте ја Русија
ВИКИ СЕНИОР
ГЛАМ Македонија како дел од своите активности, започнува со реализација на нов проект „Вики Сениор“ – проект, кој има цел да обучува и едуцира возрасни лица низ цела Македонија, за да се создадат нови и да се подобрат веќе постоечките статии. За сите информации околу вклучувањето во проектот, може да испратите мејл на
glammacedonia@gmail.com, лице за контакт на Википедија Intraterestrian или да ја посетите нашата новоотворена канцеларија на ул. 20 Октомври бр. 26, секој работен ден од 10 до 14 часот.
ОТВАРАЊЕ НА НОВА КАНЦЕЛАРИЈА
ГЛАМ Македонија со задоволство може да се пофали дека има свое ново катче.
Нашата новоотворена канцеларија се наоѓа на улица 20 Октомври број 26, отворена за сите секој работен ден од 10.00 до 14.00.
Се надеваме дека во неа ќе се дружат многу Википедијанци во следниот период, и дека ќе инспирираме креативни и вредни средби.
ВИКИПЕДИЈА НАПОЛНИ 20 ГОДИНИ
Денес се навршуваат 20 години како Википедија му дава огромно пространство на човештвото за ширење информации. Оваа приказна на несебично споделување знаење започна како визија на еден човек, која набрзо стана визија на многумина, за сега светот да биде незамислив без опцијата да се консултира „Вики“ или да се разрешат пријателските дискусии со „Сега ќе проверам на Википедија! Им благодариме на сите волонтери што придонесуваат кон проширувањето на википедија на македонски јазик. Нашите википедијанци го прославија роденденот на Википедија, пишувајќи статии како подарок.
Во текот на денот вкупно беа напишани и објавени 25 статии од 22 уредувачи на разни теми. Сите статии-подарок може да се видат на овој линк.
Овогодинешната торта е одложена од оправдани причини.
Среќен јубилеен роденден, драга наша Википедија!