WIKIMEDIA CEE MEETING 2022

Во хотел Метропол – Охрид од 14 до 16 октомври се одржува тридневна конференција со над сто википедијанци од дваесет и пет држави од централна и источна Европа.

Конференцијата под мотото „Повторно заедно“ започна со т.н. Learning day, каде што се дискутирaше за креативноста, влијанието на можните и присутни конфликти и стратегијата на работа на „Википедијанците“ од Европа.

Главен фокус на конференцијата беа проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа.

Трите дена беа посветени на разните структури во пишувањето на статии и текстови, за збогатување на Википедијата на македонски јазик, како и за вклучувањето на што поголем број креатори на содржини што ќе ја зголеми присутноста на македонски јазик во целиот свет.

Освен предавања, програмата беше збогатена со прошетка низ Охрид како и вечера за гостите во ресторан Билјанини извори.

Следниот ваков голем собир ќе се одржи во септември месец во Грузија.

 

Посебна благодарност сакаме да им изразиме на нашите 14 волонтери кои несебично и многу посветено помогнаа да имаме успешна и добро организирана конференција изјави претседателката Снежана Штрковска.

Им благодариме и на многу медиуми кои ја пренесоа и споделија конференцијата до публиката за овој многу значаен настан за нас и за сите Википедијанци низ целиот свет.

 

Oсобено горди и сѐ уште под силни импресии што бевме организатори на 11. годишен собир на Википедијанци од светот.