(Македонски) СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ ВО О.У КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ

Во организација на здружението ГЛАМ Македонија, на 30 Јуни оваа година, успешно беше реализиран семинарот за наставници од О.У Кузман Јосифовски – Питу во Скопје.

На предавањата, учество земаа дури 34 наставник по различни наставни предмети, а предавачи беа М-р Татјана Гогоска која зборуваше за Медиумската писменост и култура кај возрасните и нивното влијание врз деца, Ана Вишинова за Вики Клубовите и Вики Камповите како и претседателката на ГЛАМ Македонија – Снежана Штрковска, која наставниците ги запозна со активностите на организацијата.

На крајот од 3 часовниот семинар, сите учесници се здобија со сертификат за успешно завршен семинар.

Categories