Со завршувањето на организациската и административна поставеност на Викимедија МКД, организацијата ги продолжува своите проекти и планирани настани зацртани со годишната програма. Меѓу многубројните проекти и активности од кои е составена програмата на Викимедија МКД, собранијата се исто така активности или настани кои ја трасираат иднината на здружението и развојот на заедницата.
На 30 март 2024 година Викимедија МКД го одржа своето прво собрание за 2024 година. Настанот беше организиран со почеток во 14:00 часот во ресторанот „Форца“ во Скопје.
Собранието на организацијата имаше за цел дискусија на неколку важни точки за иднината на Викимедија МКД. Главната цел за собирот беше развивање дискусија за иднината на здружението, идниот развој во однос на волонтерски корпус, програмски содржини и активности кои може да се вклопат во целите на здружението.
Покрај тоа, присутните членови на Викимедија МКД разговараа и за техничко-административни и организациски промени кои може да се очекуваат во блиската иднина.
Покрај овие точки, за време на собранието беа претставени и новите избрани членови на извршниот одбор на Викимедија МКД. Така збогатен со уште 4 нови членови, извршниот одбор заедно со сите волонтери, подржувачи и активисти на Викимедија МКД ќе се стремат кон поголеми успеси и достигнувања за општите цели на „Движењето Викимедија “ во Македонија.