Личните мотиви и перцепцијата кон нештата се двигателите за тоа на кој начин ние допринесуваме за општото добро на заедницата. Дали тоа се некои образовни придобивки, хуманирани дела или социјално-политички делувања, луѓето имаат различни двигатели што ги тераат на кој начин и со каква цел да го искористат слободното време и преку делување да дадат нешто корисно за заедницата. Нашата заедница, Википедијанска, покрај посветеноста за овозможување на слободна содржина достапна за сите, има и дополнителни мотиви и цели за нејзиното делување.
Професорката Наташа Старделова, вработена во ООУ„Св Климент Охридски“ во Драчево, Скопје, ни ја доловува личната мотивација и причините за тоа зошто станала дел од википедијанската заедница на Македонија. Дополнително, нејзината посветеност и задлабочување во активностите и ги откриле и вики клубовите во организација на Викимедија МКД.
Тимот на Викимедија МКД преку кратко интервју сака да ви ја претстави поголемата слика за Вики клубовите, нејзините бенефити и потенцијали.
- Н.С.: Веќе 4 години го водам Вики клубот во моето училиште, но пред тоа мојата колешка 5 години водеше Вики Клуб во нашето училиште, така што може да кажеме дека Вики клубот кај нас е присутен уште во самиот зародиш на Клубовите во училиштата. Учениците кои тогаш започнаа сега се веќе студенти и изградени Википедијанци. Главната мотивација да започнам ја наоѓам во проширување на знаењата на учениците и понудата да се излезе од рамките на класичното образование и програмите.
- Н.С.:Вики клубот нуди бројни придобивки. Врската на наставникот/ библиотекарот со учениците се гради на ново ниво, тука наставникот покрај тоа што е ментор е и соработник на една заедничка платформа.
- Н.С.: Учениците сакаат да припаѓаат во една ваква глобална платформа како што е Википедија, а уште повеќе ги поттикнува тоа што можат да придонесат да се збогати Википедија на мајчиниот македонски јазик. Секогаш уште на првите средби ги упатувам на основната премиса на Википедија, „Што ако како човештво создадеме место каде целокупното знаење може да биде на дофат на прстите на секој кој сака да научи“. Учениците покрај тоа што се градат како членови на Вики заедницата, се оспособуваат за критичко мислење и проверка на фактите, напоредно со збогатувањето на енциклопедијата.
- Н.С.: Наставникот кој има ентузијазам да се посвети на своите ученици тука ќе наиде на вистинска поддршка од тимот на Википедијанци, особено образовната програма на Викимедија МК, кои се секогаш спремни да помогнат и да мотивираат со различни активности во текот на целата година, а организирањето на Вики камповите претставува дополнителна мотивација и за наставниците, но посебно за учениците. Секој кој има потреба да излезе надвор од кутијата и да проба да создаде посветена група на ученици кои ќе претставуваат лидерски тим во училиштето, е добредојден да се приклучи.
Истражете го светот на волонтерството и создавањето на слободни содржини за целата поширока македонска јавност. Приклучете се во активностите на Викимедија МКД и запознајте се со сосема нов академско-образовен свет. Доколку сте заинтересирани контактирајте нè на тел број: 078 455 549 или на obrazovanie@wikimedia.mk