
На 7 април 2026 година успешно се реализира обуката „Стани Википедија уредувач: Обука за пишување статии на македонски јазик“, наменета за сите заинтересирани за создавање и уредување на содржини на македонската Википедија.

За време на обуката, десетте учесници имаа можност да се запознаат со правилната структура и начин на пишување на статии на Википедија, како и со стандардите и правилата што треба да се почитуваат при нивното уредување. Учесниците научија како активно да придонесуваат кон збогатувањето на македонската Википедија со релевантни и веродостојни содржини. Во рамките на обуката беа создадени 19 нови статии, кои беа посветени на теми поврзани со „Меѓународниот ден на Ромите“, со што се одбележа овој значаен ден и дополнително се збогати енциклопедиската содржина на македонски јазик.

Како и секоја година, така и годинава, Викимедија МКД се вклучи во меѓународниот повик за одбележување на „Меѓународниот ден на Ромите“ со уредувачки маратони.
Годинава се вклучија 17 учесници од разни возрасни групи, кои сите заедно ја збогатија македонската Википедија за 29 нови статии, меѓу кои: Музеј на кошничарство на Ромите, Светски фестивал на Ромите , како и за музичари и други познати личности кои се по потекло Роми: Џо Завинул , Ференц Снетбергер , Мерцедес Бенцо и други.
Заедно ја збогатуваме Википедија и даваме значаен придонес во општеството!