Википедија – Резултати од статии без илустрација 2023

Статии без илустрација (анг. Wikipedia Pages Wanting Photos, WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости.

Конкурсот траеше од 1 јули до 31 август а наградени се 5 учесници кои освоиле најмногу бодови. Резултатите од конкурсот се објавени на следниот линк:

https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Статии_без_илустрација_2023

Вики камп во Михајлово- “Вики го сака живото наследство“

За време на викендот 22 -24 септември, ќе биде одржан Вики кампот во Михајлово на Кожуф. „Вики го сака живото наследство“ е проект кој трае цела година, поттикнат од  Сузана Анас од Копенхаген,  која на овој камп ќе ги поздрави учесниците во петок на неговото отворање. Вики кампот е дел на овој глобален проект за оваа 2023 година.

“Да го зачуваме живото наследство“ е мотото  на годинешниот Вики камп кој е проект на ГЛАМ Македонија, со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество а во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања а за најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот.

Ова е 5-ти Вики камп за членовите на Вики клубовите е (што ги водиме ние). Досега се одржани Викикамповите во: 2017 – Берово, 2018 – Дојран, 2019 – Велес, 2020 и 2021 – немаше поради пандемија и 2022 во Трница.

Вики Камп е научно-образовен камп кој го организира Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија. Кампот е тродневен настан организиран од страна на ГЛАМ Македонија во кој учествуваат ученици при што истите се ангажирани за создавање нови статии на Википедија на македонски јазик, како и збогатување на постоечките.Самиот Вики Камп, покрај главната негова цел, вклучува и посета на природните убавини и богатства во местото во кое што се одржува, како и разгледување на културно-историски знаменитости. Дополнително на тоа, учесниците ќе имаат спортско-рекреативни активности, а сето тоа е проследено со голема забава и дружење и развивање нови другарства и пријателства.Повеќе информации на следниот линк: https://wikicamp.mk/

ГЛАМ Македонија – Активности, проекти и престојни промени

На 2 септември 2023 година во Скопје , беше  одржана средба на членовите на ГЛАМ Македонија. На средбата се дискутираше за тековните настани, за активностите кои ќе следат   во еснскиот период за реализација на предвидената пограма и проектните планови.

Присутите дискутираа  и за идните промени кои го очекуваат здружението , откако претседателката Снежана Штрковска, ги запозна за  новините кои ќе доведат до побројни активности и посодржајна програма од следната 2024 година.

 

ГЛАМ Македонија објавува Конкурс!

Го прошируваме нашиот тим!
Станете дел од Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија, кое е признат огранок на Фондацијата Викимедија во Македонија, и работи на промовирање на Википедија, како и на други проекти.

На отворената работна позиција за период од 1 септември – 31 декември 2023 година, со можност на продолжување во следната 2024 година, се бара иновативен, мотивиран поединец, со добро чувство за професионална одговорност и со работна етика за позицијата:

* Менаџер на образовната програма

Потребни квалификации:

  • Најмалку ВСС VII/1 степен (или најмалку 240 кредити според ЕКТС)
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
  • Возачка дозвола Б – категорија – не е услов
  • Познавање на работа со Википедија се смета за предност
  • Работно искуство од најмалку 2 години во невладин сектор се смета за предност
  • Работно искуство од најмалку 2 години во образовние (на проекти и/или работа со ученици) се смета за предност

Работно време:

Работното време е 6 часа дневно, од кои 4 платени и 2 волонтерски часа, но доколку проектите го бараат тоа, може да биде и попладневно или за време на викенди.

Одговорности и задачи:

  • Да ги води Вики клубовите кои ги имаме веќе воспоставено низ Македонија, како и да отвора нови;
  • Да ги организира и да ги води обуките на учениците, наставниците и возрасните за уредување на Википедија;
  • Да органзира и спроведе (со помош на останатите вработени и волонтерите): вики конференции за наставници, натпревари за уредување, работилници, вики камп и други активности поврзани со образовната програма;
  • Да врши организирање на материјали и услуги потребни за проектите.

Ние нудиме:

  • Платена обука во траење од неколку месеци, и потоа вработување на пола работно време;
  • Интересна и исполнета седмица, соработка со различни профили на луѓе;
  • Патување.

Ве покануваме да ја доставите Вашата професионална биографија (CV), мотивациско писмо и фотографија со назнака за позицијата на мејлот glammacedonia@gmail.com

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Во Сингапур беше одржан најголемиот собир на Википедијанци од светот, на тема: Различност. Соработка. Иднина.

Во деновите од 16-19 август 2023 година во Сингапур се одржа најголемиот собир на Википедијанци од цел свет, 18 пат по ред. Собирот беше организиран од страна на фондацијата Викимедија. Предавањата се случуваа во конгресниот изложбен центар Сантек сити Сингапур, a истите можеа да се следат и онлајн.

Настанот го  отвори Маријана Искандер – Главен извршен директор на Фондацијата Викимедија, заедно со Џими Велс, основачот на Википедија, чија позната мисла е :„Замислете свет во кој секој човек на планетава ќе има слободен пристап до целото човечко знаење“.

 

Темата на Викиманија оваа година беше: Различност. Соработка. Иднина. Работилниците, хакатонот и пред-конференциските активности се одржаа на 15 август, додека пост-конференцијата и обиколките на градот беа на 20 август.

На годинешното издание на Викиманија 2023, имаше претставници од 138 држави, се одржаа над 300 сесии и предавања, со над 500 говорници, а доделени беа околу 200 стипендии. Наши претставници на овој голем настан беа уредниците-волонтери на Википедија на македонски јазик: Наташа Неданоска, Снежана Штрковска, Кирил Симеоновски и Тони Ристовски.

Приклучете се на меѓународната кампања „Статии без илустрација 2023“

Во тек е меѓународната кампања „Статии без илустрација 2023“. Се информираат  сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека е во тек уредувањето и трае до  31 август 2023 година.

Неколку информации за овој натпревар:

Статии без илустрација (анг. Wikipedia Pages Wanting Photos, WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“.

Повеќе инфо на следниот линк https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Статии_без_илустрација_2023

Приклучете се и освојте една од наградите!

Во Белград одржана Вики конференција за образование 2023 

Во деновите од 26 – 28 мај 2023 година во Белград се одржа меѓународна Вики конференција за образование, на која учествуваа претставници од сите континенти, а кои работат на образовни проекти.
На конференцијата беа претставени алатки за следење на активноста на Википедија, по проекти, се зборуваше за енциклопедиите за деца, како Чикипедија, Викидија и Клексикон, а претставниците зборуваа и за образовните проекти на кои работат во својата земја.
На фотографиите дел од атмосферата:

ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ ОД ИТАЛИЈАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

На 21.05 во Кинотека на С. Македонија имаше свечено доделување на награди и дипломи за победниците од едномесечните уредувачки предизвици ‘’Запознај ја Италија’’ и ‘’Во Фокусот Италија’’ во кои учествуваа членови од Вики клубовите во Македонија и студентите од италијанската катедра на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Настанот беше во состав на недела на италијанскиот филм, кој се одржуваше во Кинотека во Скопје.

На последниот ден од филмскиот фестивал 21 мај, во 20.00 часот, амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри свечено додели единаесет награди на добитниците кои ги дадоа своите најдобри придонеси на Википедија на македонски јазик на теми поврзани со Италија.

Целта на уредувачките предизвици беше да се намали недостатокот на статии со италијански теми за музика и филм, култура, историја, познати личности од Италија на Википедија на македонски јазик.

На уредувачките натпревари се создадоа 875 нови статии поврзани со Италија на Википедија на македонски јазик.  Досега, од ваков тип на уредувачки натпревари се имаат успешно реализирани со Унгарија, Русија, Германија, Шведска и Србија.

 

 

‘’Во иднина очекуваме уште многу натпревари и настани од ваков тип за различни земји и култури’’. – изјави Снежана Штрковска – председател на Глам Македонија.

Настанот беше организиран од страна на Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со здружението ГЛАМ Македонија.

Семинар за наставници во ОOУ ‘’Ѓорѓија Пулевски’’ – Скопје

Во организација на здружението ГЛАМ Македонија, на 11 мај 2023 година, организираше семинар за наставници од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина  Аеродром во Скопје.

На предавањата, учество зедоа дури 22 наставници по различни наставни предмети, а предавачи беа М-р Татјана Гогоска која зборуваше за Медиумската писменост и култура кај возрасните и нивното влијание врз деца, Ана Вишинова за Вики Клубовите и Вики Камповите, и претседателката на ГЛАМ Македонија – Снежана Штрковска, која наставниците ги запозна со активностите на организацијата.

На крајот од 3 часовниот семинар, сите учесници се здобија со Сертификат за успешно завршен семинар.

 

Обуката за наставници е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија.

Во фокусот: Италија – резултати

Во фокусот: Италија беше уредувачки едно месечен предизвик за студентите од италијанската катедра на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, што се одржа од 01 април 2023 до 30 април 2023. Проектот беше во организација на Здружението ГЛАМ Македонија а поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје.

Во фокусот: Италија се спроведе со цел да се намали недостатокот на статии со италијански теми за музика и филм на Википедија на македонски јазик. Сите студенти од италијанската катедра беа добредојдени да го дадат својот придонес.

На уредувачкиот маратон беа создадени 39 нови статии од 6 студенти кои создоа статии на теми за музиката и филмот низ времето во Италија.

Според жири комисијата (Снежана ШтрковскаНикола Стојаноски и Проф. Д-р Лучиана Гуидо Шремпф), резултатите можете да ги видите на следниот линк:

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%92%D0%BE_%D1%84%D0%BE%D0%BA%D1%83%D1%81%D0%BE%D1%82:_%D0%98%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0#%D0%A0%D0%B5%D0%B7%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8

Најдобрите шест студенти ќе добијат наградите и дипломите.

Доделувањето на наградите ќе биде на 21 мај (недела) 2023 година во 20 часот во Кинотека на С. Македонија каде во склоп на денови на италијанскиот филм, амбасадорот на Италија во Скопје лично и свечено ќе им ги додели наградите на добитниците.

Голема благодарност до менторката Проф. Д-р Ирина Талевска и Проф. Д-р Лучиана Гуидо Шремпф, менторка и раководител на Катедрата за успешно завршен проект во соработка со Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Скопје.