ВИКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НАСТАВНИЦИ во ДЕБРЦА

На 27 ноември 2020 година се одржа Вики конференција за наставници во Дебрца, на тема „Медиумска писменост и Википедија“. На конференцијата беа почитувани сите протоколи за заштита во време на пандемија.

Обуката ја поминаа 30 наставници.

IN MEMORIAM

На 23 октомври 2020 година, почина Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев, основач, член и ИТ координатор на ГЛАМ Македонија, на 36 годишна возраст. Сочувство до семејството.
Нека патува со анѓелите…
File:Wiki Camp Berovo 73.jpg - Wikimedia Commons

РАБОТИЛНИЦА „ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СРПСКА“

На 24 октомври 2020 година се одржа уредувачки маратон на тема Запознајте ја Српска. Активноста е на членовите на Вики Клубот во Старо Нагоричане, како придонес кон повикот „Упознај Српску 2020“ којшто се одвива од 15 октомври до 15 ноември 2020 година.

Беа создадени 14 нои статии на теми за Република Српска, од  9 учесници.

Сите статии може да се видат на овој линк.

Upoznaj Srpsku Logo.png

Read moreРАБОТИЛНИЦА „ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СРПСКА“

Одржана Вики конференција за наставници во Велес

На 28 септември 2020 година беше одржана Вики конференција за наставници во Ликовниот салон во Велес. За време на обуката беа запазени сите препораки за претпазливост во врска со КОВИД-19.

Обуката ја поминаа 25 наставници.

Годишно собрание

На 19 септември 2020 година беше одржано годишното собрание на членовите на ГЛАМ Македонија. Беа почитувани препораките за придржување во врска со КОВИД-19, поради што присуство во живо беше ограничено на само осум членови, а останатите членови дадоа свој придонес, мислење и идеи онлајн.

На крајот од состанокот, присутните Википедијанци објавија статии за Втората светска војна, со што зедоа учество во уредувачкиот маратон кој се одржуваше истиот ден.

Уредувачки маратон: Втора светска војна, 75 години подоцна

На 19 септември 2020 година се одржа уредувачки маратон на тема Втора светска војна, 75 години подоцна. Активноста е дел од глобалниот повик World War II… 75 Years After којшто се одвива во текот на месец септември.

Резултати:

Зедоа учество 11 уредувачи на Википедија, кои заедно создадоа 17 нови статии на темата. Повеќе на следниот линк.

Одржана Вики конференција за наставници во Драчево

На 21 септември 2020 година беше одржана Вики конференција за наставници во училиштето „Св. Климент Охридски“ во Драчево. За време на обуката беа запазени сите препораки за претпазливост во врска со КОВИД-19.

Обуката ја поминаа 35 наставници.

Потпишан договор за соработка со Хидробиолошкиот завод во Охрид

На 28 јули 2020 година беше потпишан договор за соработка со Хидробиолошкиот завод во Охрид. Овој договор предвидува соработка на Википедијанците со Заводот. Соработката во најголем дел ќе се состои во тоа што вработените научни работници во Заводот да помагаат со информации, текстови и фотографии при создавање на нови и надополнување на постоечките статии на Википедија на македонски јазик поврзани со флората и фауната во реонот на Охридското Езеро.

Фотографија од потпишувањето на договорот за соработка

НАТПРЕВАР „СТАТИИ БЕЗ ИЛУСТРАЦИЈА“ – ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ

Статии без илустрација или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“.

За македонските уредувачи обезбедивме посебни награди, а може да освоите и некоја од меѓународните награди.

Времетраење: од 1 јули до 31 август 2020 година

Како да учествувате: Мора да имате корисничка сметка на Википедија. Доколку немате, направете ја. Прочитајте ги внимателно останатите правила на проектната страница.

УРЕДУВАЧКИ НАТПРЕВАР „ПОТРЕБНИ СТАТИИ“ – РЕЗУЛТАТИ

Во соработка со здружението „Споделено знаење“, го организиравме уредувачкиот натпревар за ученици на возраст од 15 – 18 години под името „Потребни статии“, што се одвиваше во период од 15 април до 15 мај 2020 година.

Резултатите од натпреварот се следниве:

*Учестуваа 12 ученици од цела Македонија

*Сите заедно создадоа вкупно 123 статии

*Според доделените поени од страна на жири комисијата, првите тројца победници, како и останатите, се според овој редослед:

  1. Ina pet – 316
  2. Nesakamdaznam – 259
  3. Velichovskas – 228
  4. Kole23 – 206
  5. Krstevska123 – 192
  6. Varelov Ivan – 152
  7. Marijaz22 – 105
  8. Damjan Kirovski – 102
  9. Petkovski1 – 100
  10. SirGoldenBlade – 77
  11. DrasDoncevski – 4
  12. Najmila – 0