Запознајте ја Италија – РЕЗУЛТАТИ

На 01 март 2023 година, започна едномесечниот уредувачки маратон за сите учесници на Вики Клубовите во Република Македонија „Запознајте ја Италија“ кој траеше до 31 март.

На уредувачкиот маратон беа создадени 836 нови статии од 50 учесници кои создоа статии на Википедија на македонски јазик кои недостасуваат на истата. Целта на овој уредувачки маратон беше да се намали недостатокот на статии поврзани со италијански теми за историјата на Италија, географија, култура, настани,  познати личности итн.

Доделувањето на наградите ќе биде на 21 мај (недела) 2023 година во 20 часот во Кинотека на С. Македонија каде во склоп на денови на италијанскиот филм амбасадорот на Италија во Скопје лично и свечено ќе им ги додели наградите на добитниците.

Добитниците ќе бидат лично контактирани за да се известат за условите на доаѓање. Според доделените поени од страна на жири комисијата, првите пет победници се според овој редослед, а останатите резултати можете да ги погледете на линкотhttps://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%97%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5_%D1%98%D0%B0_%D0%98%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0#%D0%A0%D0%B5%D0%B7%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B8

Најдобри се :

  1. Марко К. = 981 поени
  2. ПетарБарса = 965 поени
  3. Kостовска= 772,5 поени
  4. Eмилија Добрева = 432,5 поени
  5. Лара Климент = 286,5 поени

ВИКИ КЛУБ ВЕЛЕС – РАБОТИЛНИЦИ ЗА ГАЈДА И КАВАЛ

Во деновите на 13 и 17 април 2023 година, членовите на Вики клуб Велес како дел од ГЛАМ
Македонија, под менторство на матичниот википедијанец и професор Лила Арсова,
координатор на Клубот, активно учествуваа на работилници, во просториите на медиотека во
Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Младите Википедијанци се запознаа со традиционалните народни инструменти гајда и кавал, кои се дел од духовното нематеријално културно наследство на Македонија.

 

На работилницата за запознавање со народниот традиционален инструмент гајда, гостин беше 85 годишниот Лазар Петровски од Велес. Тој на своите 48 години започнал да свири  гајда
најверојатно љубовта кон инструментот му ја пренел неговиот вујко кој исто така свирел на гајда. Учесниците на работилницата се запознаа со начинот на кој се изработува гајдата, од кои делови е составена, а потоа уживаа во звуците на гајдата во изведба на најстариот гајдаџија во Македонија Лазар Петровски, кој освен што свири на гајдата и пее и  има изработено и многу гајди.

На втората работилница нашиот млад и извонреден сограѓанин, велешанецот Филип Арилон, кој е дипломиран музичар,  на работилницата, ги запозна учесниците со народниот инструмент кавал.

Членовите на Вики клуб Велес воодушевено го слушаа Филип и беа љубопитни па поставуваа многу прашања, како на пример: од што се изработува кавалот, каква музика се свири на него, зошто одбрал да свири на народни традиционални инструменти, и слично.

 

 

Двете работилници беа проследени на меѓусебно задоволство, затоа што младите
Википедијанци и сите ученици во велешките училишта, можеа и да уживаат во музиката на овие традиционални народни инструменти.

Овие активности беа дел од програмата на здружението ГЛАМ Македонија за одбележување
на 20 годишнината од конвенцијата на УНЕСКО, за зачувување на нематерјалното духовно
наследство, што се одбележува во целиот свет.

Работилница во Јавна Соба за збогатување на Википедијата на македонски јазик со македонски рок музички групи

На ден 5 април 2023 година, се реализираше работилница со учениците од СУГС “Никола Карев“ од Скопје.

Работилницата беше во просториите на Јавна Соба во Скопје и учествуваа 10 ученици кои ја надополнуваат и збогатуваат Википедија на македонски јазик со рок музички групи и бендови од Македонија.

Работилницата беше во времетраење од четири часа, а целта на истиот беше да се дообучат во уредувањето на статии како и да им одговори на сите прашања и забуни со кои се соочуваат при пишување на истите.

Присутни беа: Професорката и ментор Емилија Ристановска и Снежана Штрковска а гости на работилницата беа: Aвторот на рок енциклопедијата Тошо Филиповски и основачот на музички регистар Васил Буралиев.

 

 

Белград – Седма Викилајф конференција за уредници на Википедија од регионот

На 1 и 2 април оваа година се одржа седмата по ред Викилајф конференција за уредници на Википедија од регионот во Белград.

Конференцијата беше одржана во СКИП центарот. Викилајф конференцијата беше во знакот на 20 години Википедија на српски јазик каде се одржаа многубројни предавања, панел дискусии, дружење и споделување на проекти поврзани со Википедија.

Оваа година, Глам Македонија ја испрати Фросина Димитрова – менаџер за администрација и логистика.

Викимедија Србија секоја година на Викилајф конференцијата ги поканува сите ученици од регионот да чујат и да ги споделат своите искуства и успешни проекти и модели на соработка кои би можеле да се имплементираат со заедницата во иднина.

Конференцијата заврши со доделување на наградата Викимедија „Бранислав Јовановиќ“. Ова е годишна награда која Викимедија Србија ја доделува на уредниците на Википедија на српски јазик за нивниот придонес во ширењето на слободното знаење. Овогодинешниот добитник на наградата е Драган Сатариќ, а признанието го доби поради неговото застапување за Википедија од самиот почеток.

Другите учесници се здобија со потврди за следење и присуство на конференцијата.

На фотографијата: сите учесници на Викилајв од првиот ден.

Обука на студенти од катедрата на италијански јазик и книжевност на Филолошки факултет ‘’Блаже Конески’’ – Скопје

Во соработка и заеднички проект со Амбасадата на Италија во Македонија, Глам Македонија организираше и реалиизираше обука на десет студенти од катедратата на италијански јазик и книжевност од УКИМ.

Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Македонија организираат проект кој е моментално во тек за едномесечен уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Италија’’, каде членовите на Вики клубовите се поканети да пишуваат и уредуваат статии поврзани со културата историјата и на други теми за Италија, додека пак студентите од УКИМ се поканети да пишуваат на теми за музиката и филмот низ времето во Италија.

 

За таа цел во петокот на ден 24.03 во просториите на УКИМ, студентите од катедрата на италијански јаизк имаа обука како се уредуваат и пишуваат статии на Википедија на македонски јазик. Предавачи на обуката беа Фросина Димитрова и Елена Крстева – вработени во Глам Македонија. Обуката беше во времетраење од два ипол часа. Гости на настанот беа Проф. Д-р, Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет, менторката Проф. Д-р Ирина Талевска и Проф. Д-р Лучиана Гуидо Шремпф, менторка и раководител на Катедрата.

Студените се поканети да учествуваат и да го дадат својот придонес со нови статии за италијански теми  за музика и филм на Википедија на македонски јазик.

 

Да им посакаме добредојде и лесно уредување!

Обука на ученици од ОУ “Ј.Х.Песталоци“ – Скопје

Девет ученици од основното училиште во Центар ”Ј.Х.Песталоци” од Скопје добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јазик.

На ден 14.03.2023 година, девет ученици од  седмо одделение добија обука како да уредуваат статии на Википедија на македонски јазик.

Тренер на обуката беше: Елена Крстева.

Потпишан догововор со Амбасадата на Италија

Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Македонија потпишаа договор за меѓусебна соработка за едномесечен уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Италија’’.

Едомесечниот предизвик е во времетраење од 01.03 до 31.03 овааа година, а сите членови на Вики клубовите се поканети да учествуваат и да го дадат својот придонес со нови статии за италијански теми на Википедија на македонски јазик.

Како новитет во овој проект, на наше големо задоволство за прв пат ќе се приклучат и студентите од УКИМ од катедрата за италијански јазик и книжевност.

Проектот е во организација на Здружението Глам Македонија а поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје.

Од денеска уште еден ВИКИ КЛУБ во семејството на Глам Македонија

Вработените и членовите на Глам Македонија оваа година неуморно работат и имаат за цел да се зголемуваат со нови клубови низ цела Македонија.

Па така на 10.03.2023 година, во ОУ. “Никола Карев” – Кочани, се отвори нов Вики клуб. Клубот го сочинуваат 10 ученици под менторство на наставник и магистер Љупка Стојменoва.

Учениците и новите членови добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јазик. Веднаш, секој од нив направи своја статија со која го потврдија интересот за корисен волонтеризам.

Обучувач на учениците беше нашата вработена за назначена за образование: Елена Крстева коja им ги презентираше активностите, идните и минати проекти на Глам Македонија.

Да им посакаме топло добредојде и на наставник Кошев за долгата соработка и успешна реализација во остварување на активностите.

Википедија на македонски јазик – Уредувачки маратон на тема Жена

На 6 март 2023 година, по повод наближувањето на Меѓународниот ден на жената, се одржа уредувачки маратон на тема Жена. Сите уредници на Википедија на македонски јазик беа  повикани и добредојдени да го дадат свој придонес.

Пожелно беше статиите да бидат биографии на жени кои оставиле придонес за човештвото на било кој начин.

Свој придонес го дадоа 35 учесници и напишаа нови 50 нови статии на Википедија на македонски јазик.

Википедија и википедијанците на македонски јазик веќе неколку година наназад го даваат својот придонес на Википедија, пишувајќи за жените ширум светот.

На тој начин Википедијанците го прославија и го честитаа празникот на жената.

Обука на ученици од ОУ “11 Октомври“ – Скопје

Дванаесет ученици од основното училиште во Центар ”11 Октомври” од Скопје добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јазик.

На ден 03.03.2023 година, дванаесет ученици од шестто и седмо одделение добија обука како да уредуваат статии на Википедија.  Тренер на обуката беше: Елена Крстева.

 

 

Ваквиот тип на обуки се од наше големо значење и повеќе се од потребни, со цел македонската Википедија да се надоплонува со интересни и нови статии како и да се зголемува бројот на нови ученици кои сакаат да допридонесуваат на Википедија на македонски јазик.