ХОРИСТИТЕ НА АРТИЗАН И ЧЛЕНОВИТЕ НА ГЛАМ МАКЕДОНИЈА УРЕДУВАА СТАТИИ НА ТЕМА МУЗИКА

На 17 март 2018 година се одржа заедничко уредување на членовите на Мешаниот хор Артизан и членовите на ГЛАМ Македонија во конференциската сала во Јавна соба, на што се приклучија и некои од членовите на Вики Клубовите во Македонија.  Во текот на денот, зедоа учество вкупно 22 учесници, кои со заеднички сили создадоа нови 20 сатии на тема музика на Википедија на македонски јазик, 15 постоечки статии беа надополнети со текст, и беа подигнати две фотографии на заедничката ризница.

Создадени се статиите за музичарите: Сиа и Антони Кидис, за инструментите: Укулеле, Бузуки, Еолска харфа, Љубовна виола, Кастанети, Дувачки инструменти, Виол, Диџериду, Ѕвоно, Сузафон, Ронеат и Ерке, како и за термините: Англиски валцер, Солист, Оркестар, Акорд, Келтска музика и Асид-џез.

Дел од атмосферата на заедничкото уредување во Јавна соба :

 


Потпишан новиот договор со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Соработката со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје продолжува и оваа година, со договорот за соработка и испраќање матичен Википедијанец, што е потпишан деновиве од двете страни. Со оваа соработка очекуваме да се создадат нови и да се подобрат постоечките статии на Википедија на македонски јазик, користејќи ги книгите од Градската библиотека.

За потсетување, од досегашната соработка меѓу ГЛАМ Македонија и Градската библиотека, беа додадени 301 референца на постоечки статии на Википедија на македонски јазик, беше организирана Вики прошетка низ Градската библиотека со членови на Вики Клубот во Старо Нагоричане, една работилница, еден уредувачки маратон (edit – a – thon), беа создадени најмалку 15 нови статии од книгите во Библиотеката, а дел од вработените библиотекари ја поминаа обуката за уредување на Википедија. Исто така плод на соработката беше и отворената панел дискусија на тема „Потребата од дигитализација во 21 век“, што се одржа на 18 јануари 2018 година во Градската библиотека.

Првите награди во 2018 година

Во периодот од 1 јануари до 28 февруари 2018 година, беа создадени 132 нови статии на Википедија на македонски јазик, а 10 постоечки статии беа надополнети и проширени со текст од страна на членовите на Вики Клубовите во Македонија. На овој натпревар на државно ниво зедоа учество вкупно 31 член. Првите награди на младите Википедијанци, членови на Вики Клубовите во Македонија, за оваа година, ќе бидат доделени според следниве најдобри резултати:

За најдобри статии се прогласени статиите:

  • Гранада (Корисник:Teona Mladenovska)
  • Златен пресек (Корисник:Ilina dineva)
  • Билијард (Корисник:Fcb King)

Најголем број најголем број нови статии:
Прва награда за Корисник:Krstevska123 (19 нови статии)
Втора награда за Корисник:Nani2568 (10 нови статии и 5 надополнети)
Трета награда за Корисник:Fcb King (9 нови статии)

Награда за најголем број придонеси добиваат:

Прва награда: Ina pet (8 нови статии)

Втора награда (тројца добитници):
Kalan Wiki (7 нови статии)
Wildwolf10 (7 нови статии)
Ttemelkovska (7 нови статии)

Специјална награда за покажана активност добиваат:

Прва награда (двајца добитници):

Damjan Dojcinovski (6 нови статии)
Bogdanovicm (6 нови статии)

Втора награда (двајца добитници):
Kristina222 (5 нови статии)
TheAce1234 (5 нови статии)

Трета награда (двајца добитници)
Kole23 (4 нови статии)
Simonka34 (4 нови статии)

Сите добитници покрај наградата (бежични мауси, маици со лого, чаши и друго), добиваат и „Диплома за најдобри резултати“. Им честитаме на добитниците.

Меѓународна соработка со википедијанците од Република Српска

Во деновите на 26 февруари и 28 февруари 2018 година, беше реализирана меѓународна соработка меѓу ГЛАМ Македонија и здружението на Викимедијанците од Република Српска.

Во рамките на меѓународната соработка, учениците од Вишеград создадоа 20 нови статии на Википедија на српски јазик, поврзани со Македонија, додека членовите на Вики Клубовите од Музеј на македонската борба и од Старо Нагоричане, денеска создадоа девет нови статии поврзани со биографија на личности и географија на Република Српска.

ВИКИ СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ

Здружението за умножување на слободни содржини ГЛАМ Македонија од Скопје во деновите на 15 март (четврток) и 17 март (сабота) 2018 година организира „Вики семинари за наставници“ со работилница. Семинарите ќе се одржат во „Јавна соба“, со почеток од 10 часот, и во сабота со почеток од 17 часот.
Ве покануваме да земете учество. Во прилог следува програмата.
10:00 – 10:15 – Пристигнување на учесниците и регистрација
10:15 – 10:30 – „Вовед во Википедија и останатите сестрински проекти“, предавач: Снежана Штрковска
10:30 – 11:15 – Воведен курс за уредување на Википедија, предавач: Никола Стојаноски
11:15 – 11:35 – Пауза за кафе и освежување
11:35 – 13:55 – Заедничко уредување (hands-on) под водство на искусни Википедијанци, членови на ГЛАМ Македонија
14:00 – 14:15 – Затворање и доделување на сертификатите
* За присутните наставници се обезбедени печатени брошури „Како професорите предаваат со Википедија “, сертификати за помината обука, пенкало и нотес.
** Понесете лап топ со себе. Постои можност за неколкумина од учесниците да се обезбеди лап топ за работа на семинарот, но само со претходна најава.
Бројот на места е ограничен.
За пријавување и информации, испратете мејл на glammacedonia@gmail.com

Фондација Викимедија

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која ги поддржува Википедија и другите мрежни места за слободен пристап до знаење, како и ја промовира и се залага за идејата за слободно знаење и пристап до информации за сите. Тоа се постигнува преку овозможувањето на Википедија како брзо, безбедно и достапно место, бранејќи ги Википедија и нејзините корисници-волонтери од правни закани. Фондацијата гради нови алатки за полесно да се чита, уредува и споделува знаењето од сите нејизни проекти, но и вложува напори при поддржување на заедниците на корисници и уредувачи.

Исто така, Википедија се труди да ги намали бариерите до пристапот на информации, така што нејзината визија е сите да можат лесно да го споделат знаењето. Фондацијата има свои ограноци и кориснички групи во различни држави во светот. Викимедија МКД е една од корисничките групи или здрженија на граѓани кои ги посветиле своите ресурси и напори кон постигнувањето на целите на оваа глобална организација.

Најпопуларно мрежно место, или проект, е Википедија. Сепак, сестринските проекти на Википедија се повеќебројни. Заклучно со 2018 година следниве повеќејазични проекти се во функција:

Википедија е проект кој создава слободна енциклопедија на сите јазици во светот. Скоро секој кој има пристап до Интернет може да ја чита, уредува и споделува содржината на енцклопедијата. Содржината што се објавува е подржана со соодветни извори и се тежнее да се наведе неутрална гледна точка на темите. Првата јазична верзија на Википедија била на англиски јазик и истата била покрената во јануари 2001 година. Денес има над 40 милиони статии напишани на 293 јазици, меѓу кои и македонскиот.

Викиречник е проект кој создава речник кој е достапен за читателите. Секој проект на својот избран јазик тежнее да ги дефинира сите зборови во сите јазици. Викиречник, за разлика од обичен речник, тежнее да биде поопфатен дефинирајќи семантички значења, преводи, изведенки, изговор, потекло, форми и цитати. Овој проект запонал во 2002 година, достапен е на 170 јазици, меѓу кои и македонски.

Викицитат е проект чија главна цел е да собере цитати од познати луѓе, од различни книги и говори, цитати од филмови или каков било друг интелектуално интересен формат. Исто така во Викицитат се вклучени поговорки и слогани. Проектот започнал во јули 2003 година и е достапен на 89 јазика.

 

Викикниги е проект кој тежнее да содаде колекција на слободни електронски книги, вклучително учебници, јазични учебници, упатства и друг вид на печатен материјал во јавна сопственост. Исто така проектот помага за самоучењето на учениците и наставниците низ средните училишта и универзитети. Проектот е достапен на 121 јазик, меѓу кои и македонски.

Викиизвор е повеќејазичен проект чија главна задача е да прибира и обајвува текстови кои се во јавна сопственост. Проектот не е само еден вид база за собирање текстови од книги, закони и друг вид на текст, туку и служи како платформа за преведување од други јазици. Проектот е започнат во ноември 2003 година и денес има 67 јазични изданија, меѓу кои и на македонски.

Викивидови е отворен проект кој овозможува централна и опширна база за таксономија. Проектот опфаќа живи и фосилни примероци на животни, растенија, габи, бактерии, вируси и други форми на живот. Проектот е започнат на 14 септември 2004 година, опфаќа 87 јазика, меѓу кои и македонски.

Викивести e проект кој започнал во декември 2004 година и главната цел на проектот е да објавува вести и настани од различни области и земји. Корисниците пишуваат вести и ги објавуваат на проектот. Сите вести мора да се напишани со нетрана гледна точка. Вестите што се објавуваат се со лиценца Creative Commons Attribution 2.5, а не со лиценца Creative Commons Attribution-Share Alike 3.0. Викивести е достапна на 29 јазика, а македонската верзија е во почетна фаза.

Викиуниверзитет е проект кој е посветен на материјалите за учење и заедниците за учење. Проектот е започнат на 15 август 2006. Иако името се однесува за универзитети, сепак проектот е отворен за сите ученици и наставници кои може да користат материјали за изучување. Начините со кои може да се олесни учењето сè уште се истражува, но сепак се фокусира на „учење преку експерименти“ и „учење преку изведување“. Проектот е достапен на 16 јазика.

Википатување е проект чија главна цел е да создаде светски најголем достапен и слободен водич за патување. Проектот бил започнат во јануари 2003 година. Содржините се напишани од волонтери кои се мотивирани од една иста желба – патување. Проектот е достапен на 18 јазика.

 

Заедничка Ризница е повеќејазичен проект бил започнат во септември 2004 година. Целта на проектот е да биде централно место за подигање и чување на фотографии, дијаграми, карти, видео записи, анимации, аудио записи, звуци, говорен снимен текст и друг вид на слободна содржина. Овие податотеки се користат низ проектите на Викимедија.

Википодатоци е проект започнал во октомрви 2012 година. Главната цел на проектот е да создаде слободна база на знаење за светот кој може да се прочита и уреди од луѓето и ботовите. Проектот овозможува податоци за сите јазични изданија за сите проекти на Викимедија и овозможува централен пристап до податоците, функција слична на таа со Заедничата ризница. Проектот е достапен на повеќе јазици, меѓу кои и македонски.

МедијаВики е заедница за слободни ресурси која ги одржува проектите на Викимедија. Платформата на МедијаВики се користи од сите проекти на Викимедија, но и на други надворешни мрежни места. На овј проект се вршат прилагодувања, надоградувања и поправки на програмата.

Мета е проект кој е централно место за координациски и организациски задачи, разговори, планирања и решенија кои ги засегаат различните проекти на Викимедија. Проектот се користи за различни цели, од документирање на вики-филозофијата па до предлози за грантови за ограноците и корисничките групи. На проектот се поставуваат „Барања за нови јазици“, јавен центар за стјуардските активности и разговоори за донации. Проектот е повеќејазичен.

Инкубатор е проект или централно место каде се развиваат нови јазични проекти на Викимедија. Тоа е местото каде се создаваат нови верзии пред да се пуштат во јавноста. Првично се именуваат како „вики-тест“, а понатака се доделува јазичниот код на проектот. Кодовите ИСО 639.

Wikimedia Cloud Services (WMCS) е флексибилен компјутерски екосистем кој е развиен врз база OpenStackGridEngine и Kubernetes. Проектот ги зацврстува техничките придонеси на Викимедииниот софтвер. Производите и ресурсите се достапни за сите кои се дел од Викимедија. Подршката и администрацијара се овозможени од тимот на Фондацијата.

 

Потпишан договор за соработка со ИНИ

Соработката со Институт за национална историја официјално започнува со потпишаниот договор меѓу ГЛАМ Македонија и ИНИ. Со оваа соработка очекуваме на Википедија на македонски јазик да се создадат нови статии поврзани со историјата на мекдонскиот народ, како и да се подобрат постоечките, со текст, цитати и референци од книги што македонската наука ги одобрува.

Договорот е дел од програмата ГЛАМ на Здружението, односно спаѓа во доменот на соработка со  галерии, библиотеки, архиви, музеи и сродните институции.

ВИКИ КЛУБ ОХРИД продолжува со своите активности

Членовите на Вики Клубот во Охрид продолжуваат со работа и заедничките средби и покрај техничките проблеми (проблеми со интернет) во просториите каде се среќаваат. Со цел да се надминат проблемите со интернетот, ГЛАМ Македонија им обезбеди картичка со 5 гига бајти месечен интернет. Се надеваме дека продуктивноста ќе се зголеми.

(На фотографиите дел од работната атмосфера)

ГЛАМ и партнерства

Програмата вклучува проекти засновани врз соработка со јавни институции со цел да се идентификуваат нови форми на знаење, да се ослободат содржините заштитени со авторски права и да се обезбеди подобар пристап до бесплатно знаење. Оваа програма е поделена на три потпрограми: ГЛАМ, Партнерства и Отворени владини податоци.

 

  • ГЛАМ

Целта на проектот е да се воспостави активна соработка со ГЛАМ институции во Македонија, преку испраќање на Википедијанци во одредена институција. Ова овозможува едукација на вработените во ГЛАМ за проектите на Викимедија; едукација на вработените во ГЛАМ да додаваат референци во статии, и создавање нови статии или подобрување на постоечките бидејќи вработените во ГЛАМ секторот се високообразовани професионалци. Воедно, се овозможува овие институции да бидат поотворени за јавноста, да ја разберат потребата од дигитализација, како и потребата од споделување на знаењето, документите, историските фотографии и материјали со пошироката јавност.

Оваа потпрограма ги вклучува следните проекти:

    • Матичен Википедијанец,
    • Музеи посети, и слично

 

  • Партнерства 

Оваа потпрограма подразбира соработка со повеќе организации и институции, со што се отвора можност за партнерства кои можат да го прошират опсегот и ефективноста на програмата. Преку соработката со институции и користење на нивните ресурси, програмата може да ги збогати статиите на Википедија и други проекти на Викимедија. Содржината создадена или подобрена преку оваа соработка може да го подобри разбирањето и ценењето на културните и историските теми кај читателите. Соработката на програмата со институциите може да ги поддржи нивните сопствени цели и мисии, како што се промовирање на културното наследство, зголемување на пристапот на јавноста до информации и поттикнување на образовниот терен. Со документирање и зачувување на експонати и објекти преку фотосесии, програмата придонесува за зачувување на културното наследство. Ставањето на овие ресурси достапни на Заедничката Ризница обезбедува нивна пристапност и долгорочно дигитално зачувување. Соработката со други организации овозможува размена на експертиза и знаење. Програмата може да учи од искуството на партнерските институции и обратно, што доведува до меѓусебно учење и подобрување.

Оваа потпрограма ги вклучува следните проекти:

    • QRpedia,
    • Изложби,
    • Проекти со одредени институции,
    • МакСпорт.

 

  • Отворени владини податоци

Проектот Отворени владини податоци е иницијатива која се фокусира на соработка со институции за добивање структурирани податоци за поставување на Википодатоци. Со промовирање на отворен пристап до владините податоци, проектот придонесува за транспарентност, отчетност и бесплатно ширење на информациите. Фокусот на проектот на отворените владини податоци се усогласува со принципите на отворено споделување знаење, охрабрувајќи ги институциите да ги направат своите податоци слободно достапни на јавноста. Тесната соработка со институциите му овозможува на проектот да пристапи до широк опсег на извори на податоци и да го прошири опсегот на информации достапни на Википодатоци. Целта на проектот за поставување структурирани податоци на Википодатоци ја подобрува комплетноста и точноста на информациите на платформата. Соработката со угледни институции може да помогне да се обезбеди квалитетот и веродостојноста на податоците, зголемувајќи го нивниот кредибилитет на Википодатоци.

Со тоа што владините податоци се отворени и достапни на Википодатоци, проектот придонесува за промовирање на транспарентноста во управувањето и јавното одлучување. Со конвертирање на владините податоци во структурирани формати на Википодатоци, проектот ги прави информациите поупотребливи и достапни за различни апликации. Со текот на времето, напорите на проектот во соработка со институциите и поставувањето податоци придонесуваат за градење вредно складиште на владини информации на Википодатоци. Пристапот до отворени владини податоци им дава моќ на граѓаните да бидат подобро информирани и ангажирани во јавните работи, поттикнувајќи партиципативна демократска култура.