Викимедија МКД

Викимедија МКД е непрофитно, невладино и непартиско здружение, чија главна цел е прибирање, умножување и споделување на слободни содржини, исклучиво на непрофитен начин, како и промоција на идејата дека сите луѓе треба да имаат еднаков пристап до знаењето и образованието. Здружението е создадено со спојување на двете здруженија ГЛАМ Македонија и Споделено знаење во јануари 2024 година.

Здружението е регистрирано во Република Македонија и делува како признат огранок во нашата земја од страна на фондацијата Викимедија. Фондацијата Викимедија е непрофитна меѓународна организација која ги координира активностите на признатите независни ограноци со кои ја има истата цел: збогатување на Википедија со содржини, како и останатите јазични Вики проекти.

 

Донации

За сите вас драги луѓе кои се интересирате како можете да ни помогнете: за да ја оствариме целта на нашата мисија, сите проекти ги реализираме преку донации.

Википедија е една од најпосетуваните страници на интернет, што ја читаат сите возрасти. Ако секој што ќе ја прочита оваа порака уплати еднократна или месечна донација од 100, 250, 500, 1000 денари, потребните средства за ефективно работење би ги собрале за неколку дена. Но, не може секој да одвои од својот буџет за да донира. И ова е во ред.

Донирај паметно, поддржи ја работата на  Викимедија Македонија.

За уплати од Македонија:
300-0000051275-53 Комерцијална Банка АД Скопје.

Ви благодариме за поддршката што ни ја пружате.
Тимот на Викимедија МКД

Каде одат вашите пари
Технологија: одржување на компјутерите, набавка на делови за донираните хард дискови за Вики Клубовите, монитори, УСБ конектори, интернет картички и слично.
Луѓе и проекти: Освен неколкумина вработени, кај нас волонтерите ги вршат најголемиот дел од активностите. Времето на волонтерите не се плаќа, но трошоците кои ги имаат додека се ангажирани на проекти треба да бидат платени.