Нов Вики Клуб во Неготино

Вчера – 13.02 ,2023 година, во просториите на ОУ. “Страшо Пинџур” – Неготино, се отвори нов Вики клуб под закрилата на ГЛАМ Македонија.

13 ученици од седмо и осмо одделение добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јазик. Веднаш, секој од нив направи своја статија со која го потврдија интересот за корисен волонтеризам.

 

Обучувачи на учениците беа Елена Крстева и Фросина Димитрова кои им ги презентираа активностите, идните и минати проекти на Глам Македонија како и ги обучија да уредуваат статии на Википедија на македонски јазик

Координаторот на Вики клубот Неготино, Ангелче Кошев, истакна дека ваквиот тип на професионална и меѓуученичка соработка е повеќе од потребна. Тој изјави дека е задоволен со интересот на учениците и смета дека оваа бројка на ученици ќе се зголемува т.е. интересот би растел.

 

Да им посакаме топло добредојде а на наставник Кошев долга соработка и успешна реализација.

Обука на ученици од СУГС “Никола Карев“ – Скопје

Дванаесет ученици од гимназијата Никола Карев од Скопје добија обука за уредување статии на Википедија на македонски јаизк.

На ден 06.02.2023 година, дванаесет ученици од прва, втора и трета година добија обука  како да уредуваат статии на Википедија под менторство на професорката по музичко образноиване Емилија Ристановска.

Тренери на обуката беа: Елена Крстева, Фросина Димитрова и Снежана Штрковска.

Ваквиот тип на обуки се од наше големо значење и повеќе  се од потребни, со цел македонската Википедија да се надоплонува со интересни и нови статии.

Да им посакаме топло добредојде!

 

Февруари е месец за статии на тема – „Ги запознаваме ретките болести 2023’’

Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести, вчера започна националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2023’’

Петта година по ред, Вики Клуб Охрид го посветуваат месец февруари на збогатување на содржините како и со уредување на статии на Википедија на македонски јазик за подигање на свеста за ретките болести под мотото „За да не се ретки оние кои знаат за ретки“.

Википедијата на македонски јазик е збогатена со нови 28 уредувачки статии, се со цел за подигнување на свеста за луѓето погодени од некоја ретка болест, но и со проблемите со кои се соочуваат тие и нивните семејства.

ГЛАМ Македонија им благодари на сите волонтери на Вики Клуб Охрид, за успешното збогатување на Википедија на македонски со содржини од големо значење.

Вики Клуб Охрид – Статии од кампањата “Ги запознаваме ретките болести “

Вики клуб Охрид како дел од ГЛАМ Македонија, под менторство на матичниот Википедијанец и професор Наташа Неданоска, координатор на клубот, вчера на ден 17. 01. 2023 година, заедно со своите вредни ученици уредуваа статии на Википедија на македонски јазик во просториите на Касарна Хаб во Охрид.

На вчерашната работилница се уредувале статии, секоја година, петта по ред, тема “ретки болести” под слоганот “За да не се ретки оние кои знаат за ретки” за потребите на кампањата Ги Запознаваме Ретките Болести.

Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести Вики Клуб Охрид  учествува и придонесува на Википедија на македонски јазик да се збогатува со нови статии за овие ретки болести.

Националната кампањата започнува од први фебруари и трае цел месец.

ГЛАМ Македонија им благодари на сите волонтери на Вики Клуб Охрид за успешното збогатување на Википедија на македонски со содржини од големо значење.

15 јануари – Википедија наполни 22 години

Википедија започна како амбициозна идеја…да се создаде бесплатна енциклопедија, напишана од волонтери, за сите во светот.

Откако Википедија за прв пат започна во 2001 година, таа е пример за идејата дека многу луѓе кои работат заедно можат да изградат нешто навистина извонредно. Дваесет и две години подоцна, Википедија продолжува да го исполнува своето ветување за бесплатно и отворено знаење од и за луѓето ширум светот.

За да одбележиме 22 години од ова глобално движење, славиме за сите луѓе кои ја овозможуваат Википедија – волонтерите кои го споделуваат своето знаење, организаторите на заедницата, донаторите кои придонесуваат за одржување на Википедија, развивачите кои се уверуваат дека Википедија е брза и достапна, и уште многу други. Одбележувањето на роденденот за македонските википедијанци беше одржано во Пјаца Либерта во Скопје а 23 википедијанци ја надополнија Википедија со нови 48 статии како подарок за неа.

За 22-тиот роденден на Википедија, ја славиме моќта на човечката соработка, креативноста и љубопитноста.

Среќен 22- ри роденден ВИКИПЕДИЈА!

2023 – Година за поширока и посеопфатна соработка на ГЛАМ МАКЕДОНИЈА

Многу настани, еден голем предизвик, кој Глам Македонија го совлада одлично а тоа е Конференцијата за Wikimedia CEE Meeting 2022 – Ohrid,  во месец октомври во Охрид, каде се собраа Википедијанци од Централна и Источна Европа и заминаа со нови знаења и планови за понатамошна соработка.
На почетокот од патеката, насловена како “2023 година“, пред ГЛАМ Македонија се многу планови, предизвици, нови содржини и активности и побројно членство.
Збогатувањето на содржините на Македонски јазик се главниот предизвик и цел а до тоа ќе се дојде со организиарање на: Уредувачки денови, Избор на најдобри статии, спороведување Работилници за наставници, формирање на нови Вики Клубови,  организирање на Вики камп и слични активности. Воедно многу важни актвности се оние за проширување на соработката со Институции, организации, Амбасади како и учество на претставници на ГЛАМ на Конференции во светот.
Целта е единствена, а тоа е се поголем број на вклучени директно во пишувањето на статии на македонски јазик , како и мотивирање за примена на иновативните алатки од светот на Википедијата, за полесен и поцелисходен пристап кон најразлични корисни содржини, кои секако  ќе имаат далекусежно позитивно влијание на сите корисници и идни корисници на Википедијата на македонски јазик.
ГЛАМ Македонија останува отворена за соработка со сите профили: од ученици, студенти, образовниот, медиумскиот, научниот сектор за добивање на пообемни содржини во корист на сите.

НАЈДОБРИ СТАТИИ

Во период од 15 до 30 ноември Глам Македонија организираше уредувачки денови на слободни теми само за учесниците од Вики Клубовите во Македонија. За време на педнаесет дневниот проект беа повикани членовите на Вики Клубовите кои имаа за цел да го дадат за крајот на оваа 2022 година својот најдобар придонес во создавање на нови квалитетни. Во уредувачките денови се приклучија —– на возраст од 15 до 18 години. Во уредувачките денови за најдобра статија учествуваа 14 учесници со вкупно 44 статии од Вики Клуб Велес, Старо Нагоричане, Вики Клуб Музеј на македонската борба и Вики Клуб Охрид. Учесниците во рамките на уредувачките денови требаа да уредуваат статии а истите беа прегледувани и бодувани од страна на жири комисијата која донесе конечна одлука за избирање на најдобрите статии и учесници. Најдобрите статии ќе добијат вредносен ваучер од 1.000 денари. Жири комисијата одбра 4 статии за најдобри, кои ќе бидат наградени со ваучер по избор во вредност од 1.000 денари.

Тоа се:
Фиренска катедрала (116.130 бајти) на Корисник:  Марко К.
Парк од периодот Јура (93.396 бајти) на Корисник:Petar Barsa
Клунар (126.327 бајти) на Корисник: Petar Kliment
Законоправило (985.536 бајти) на Корисник:Baek147

Им честитаме и им се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во уредувачкитеденови и го дадоа својот придонес.

СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ

Во организација на здружението ГЛАМ Македонија, на 6ти декември 2022 година, организираше уште еден семинар за наставници од ОУ „Александар Македонски“ во Скопје.

На предавањата, учество зедоа дури 15 наставници по различни наставни предмети, а предавачи беа М-р Татјана Гогоска која зборуваше за Медиумската писменост и култура кај возрасните и нивното влијание врз деца, Ана Вишинова за Вики Клубовите и Вики Камповите како и претседателката на ГЛАМ Македонија – Снежана Штрковска, која наставниците ги запозна со активностите на организацијата. На крајот од 3 часовниот семинар, сите учесници се здобија со сертификат за успешно завршен семинар.

WIKIMEDIA CEE MEETING 2022

Во хотел Метропол – Охрид од 14 до 16 октомври се одржува тридневна конференција со над сто википедијанци од дваесет и пет држави од централна и источна Европа.

Конференцијата под мотото „Повторно заедно“ започна со т.н. Learning day, каде што се дискутирaше за креативноста, влијанието на можните и присутни конфликти и стратегијата на работа на „Википедијанците“ од Европа.

Главен фокус на конференцијата беа проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа.

Трите дена беа посветени на разните структури во пишувањето на статии и текстови, за збогатување на Википедијата на македонски јазик, како и за вклучувањето на што поголем број креатори на содржини што ќе ја зголеми присутноста на македонски јазик во целиот свет.

Освен предавања, програмата беше збогатена со прошетка низ Охрид како и вечера за гостите во ресторан Билјанини извори.

Следниот ваков голем собир ќе се одржи во септември месец во Грузија.

 

Посебна благодарност сакаме да им изразиме на нашите 14 волонтери кои несебично и многу посветено помогнаа да имаме успешна и добро организирана конференција изјави претседателката Снежана Штрковска.

Им благодариме и на многу медиуми кои ја пренесоа и споделија конференцијата до публиката за овој многу значаен настан за нас и за сите Википедијанци низ целиот свет.

 

Oсобено горди и сѐ уште под силни импресии што бевме организатори на 11. годишен собир на Википедијанци од светот.

СТАТИИ БЕЗ ИЛУСТРАЦИЈА 2022 – РЕЗУЛТАТИ

Статии без илустрација Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Кампањата беше со времетраење од 01.07 до 31.08 оваа година.

Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата беше да искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Во оваа кампања учествуваа повеќе од 15 википедијанци.

Резултати од уредувањето се следни:

1. Тиверополник: 2828 поени

2. Lili Arsova 1238 поени

3. Doni12345: 960 поени

4. Krstevska123: 218 поени

5. P.Nedelkovski: 131 поени

*Прва награда – ваучер во вредност од 12.000 денари (се доделува 1 ваучер на еден корисник)

*Втора награда – ваучер во вредност од 6.000 денари (се доделуваат 4 ваучери на четири различни корисници)

Им благодариме на македонските учесници и википедијанци кои го дадоа својот придонес и учествуваа во оваа кампања. За наградите и ваучерите ќе бидат контактирани лично.