На ден 5 април 2023 година, се реализираше работилница со учениците од СУГС “Никола Карев“ од Скопје.
Работилницата беше во просториите на Јавна Соба во Скопје и учествуваа 10 ученици кои ја надополнуваат и збогатуваат Википедија на македонски јазик со рок музички групи и бендови од Македонија.
Работилницата беше во времетраење од четири часа, а целта на истиот беше да се дообучат во уредувањето на статии како и да им одговори на сите прашања и забуни со кои се соочуваат при пишување на истите.

Присутни беа: Професорката и ментор Емилија Ристановска и Снежана Штрковска а гости на работилницата беа: Aвторот на рок енциклопедијата Тошо Филиповски и основачот на музички регистар Васил Буралиев.
Викимедија Србија секоја година на Викилајф конференцијата ги поканува сите ученици од регионот да чујат и да ги споделат своите искуства и успешни проекти и модели на соработка кои би можеле да се имплементираат со заедницата во иднина.
Глам Македонија и Амбасадата на Италија во Македонија организираат проект кој е моментално во тек за едномесечен уредувачки предизвик ‘’Запознајте ја Италија’’, каде членовите на Вики клубовите се поканети да пишуваат и уредуваат статии поврзани со културата историјата и на други теми за Италија, додека пак студентите од УКИМ се поканети да пишуваат на теми за музиката и филмот низ времето во Италија.
На ден 03.03.2023 година, дванаесет ученици од шестто и седмо одделение добија обука како да уредуваат статии на Википедија. Тренер на обуката беше: Елена Крстева.


Настанот се одвиваше во прекрасна атмосфера каде учениците најпрво беа прошетани и запознаени со животните низ Зоолошката градина со спезијализиран едукатор и вработен од институцијата. Потоа задача им беше да напишат/дополнат статии за животни кои недостастасуваат на македонски јазик на Википедија.