Почетокот на 2024 година се покажа како успешен период во однос на активностите на Викимедија МКД. На низата успеси се надоврзува и успешно завршениот уредувачки натпревар „Генетика“. Натпреварот траеше од 1 февруари 2024 и заврши на 29 февруари 2024 година.
На натпреварот учествуваа повеќе уредници кои придонесоа со своите знаења и вештини. Темата на овој натпревар беше генетиката, односно објавување нови статии и подобрување на постоечките од оваа област. Со таквото објавување на нови содржини и подобрување на постоечките, учесниците овозможуваат пристап до квалитетни информации за сите корисници на Википедија.
Оценувањето на статиите беше задача на оценувачкиот одбор, составен од искусни википедијанци, кои внимателно ги анализираа и оценија содржините според стандардите и правилата на Википедија. Процесот на оценување беше траен и темелен, осигурувајќи објективност и квалитет во изборот на победниците. Така, со гордост ги објавуваме добитниците на наградите:
- I награда: [Dandarmkd] – вредносен купон во вредност од 12.000 денари.
- II награда: [Тиверполник] – вредносен купон во вредност од 6.000 денари.
- III награда: [Bojan9Spasovski] – вредносен купон во вредност од 3.000 денари.
Покрај овие награди, се доделуваат и следните дополнителни награди:
- Награда за најдобра статија: [Dandarmkd] – вредносен купон во вредност од 5.000 денари.
- Награда за најдобар нов учесник: [Lili Arsova] – вредносен купон во вредност од 2.000 денари.
- Посебна награда за најмногу статии за различните човечки хаплогрупи: [Bojan9Spasovski] – вредносен купон во вредност од 3.000 денари.
Вкупно учествуваа 10 уредници и беа напишани 491 статија.
Оваа иницијатива не само што го зголеми интересот за генетиката на Википедија, туку и го збогати нашето знаење и разбирање за важноста на оваа наука во современиот свет.
Благодариме на сите учесници за нивните напори и нивниот придонес.