Уредувачки натпревар „Музика”- нови статии и одлични награди!

Уредувачките маратони кои ги организира Викимедија МКД секогаш постигнуваат голем успех. Покрај тоа што ја збогатуваат Википедија на македонски јазик даваат и различни можности за добивање награди на учесниците кои пишуваат статии. При тоа секогаш се трудиме да опфатиме различни теми, но и теми кои ќе бидат интересни за различни уредувачи.

Oвој пат организиравме уредувачки натпревар наменет за средношколци.  Уредувачкиот натпревар на тема „Музика“  започна на 21 октомври 2024 година и заврши на 10 ноември 2024 година. Овој натпревар имаше за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на темата „музика“. На натпреварот учествуваа 24 средношколци и вкупно беа напишани 92 статии.

Сите статии требаше да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии мораа да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори.  Статиите ги прегледуваше жири, кое беше составено од тројца википедијанци. Жирито ја донесе конечната одлука за победниците. Членовите на жирито ги прегледуваа сите статии и секоја ја бодуваа поединечно со бодови од 1 до 10. Па така со гордост ги објавуваме добитниците на награди:

  • Прва награда: Emilija Dobreva – вредносен купон во вредност од 6000 денари.
  • Втора награда: Kostovska – вредносен купон во вредност од 4000 денари.
  • Трета награда: Adouuuuu -вредносен купон во вредност од 2000 денари.

Покрај овие награди беа предвидени и награди за најдобри статии и тоа за секоја седмица поединечно. Добитниците на овие награди се следните:

  • Прва седмицa:  Emilija Dobreva со статијата „Севентин” – вредносен купон во вредност од 2.000 денари.
  • Втора седмицa:  Emilija Dobreva  со статијата „Аеспа” – вредносен купон во вредност од 2.000 денари.
  • Трета седмица: Kostovska со статијата „Deftones” – вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Им честитаме на добитниците на награди, а на сите останати учесници им се заблагодаруваме за нивните придонеси. Викимедија МКД ќе продолжи во иднина да организира уредувачки натпревари, а во фокусот ни остануваат младите. Заедно ја правиме Википедија подобра, поквалитетна и подобро напишана енциклопедија!