Википедија полни 23 години! Проектот „Википедија“ и идејниот концепт за истиот се родени пред точно 23 години, на 15 јануари 2021 година, кога Џими Вејлс и Лери Сангер дошле до идеја да ја основаат најпозната смрежна енциклопедија во светот.
Овој убав ден треба соодветно да се одбележи, и поради тоа, Викимедија МКД организира прослава за денот на Википедија. Поточно, во понеделник на 15 јануари 2024 година во 19:00 часот во кафе-барот „ Пјаца Либерта“ во Скопје, Викимедија МКД организира роденденски собир. Настанот се одблежува на денот кога е основана Википедија, односно англиската верзија на Википедија, која воедно е и првата верзија на оваа повеќејазична енциклопедија.
Википедија денес е седма најпосетувана мрежна страница на Интернет и е достапна на 326 јазици. Таа се одржува и обновува со помош на огромна заедница на уредници-волонтери, кои се потпираат на повторувачки процес на објавување и коригирање. Се проценува дека 250.000 луѓе низ светот придонесуваат на „Википедија“, а месечно се проценува дека има 22 милијарди посети.
Енциклопедијата го слави својот роденден и во Скопје. Имено, Викимедија МКД ги повика сите заинтересирани уредувачи да напишат симболично по една статија на 15 јануари 2024 на слободна тема. Тоа ќе биде нашиот симболичен роденденски подарок за Википедија.
Исто така ве повикуваме и на забавата, истиот тој ден на 15 јануари 2024 во „Пјаца Либерта“ во Скопје. Оваа наша прослава е дел од глобалната низа настани по повод роденденот и кои се одржуваат на шест континенти.
Среќен роденден Википедија!