Математиката претставува една од најстарите и најзначајните научни дисциплини, која има клучна улога во развојот на науката, технологијата и современото општество. Низ историјата, математичарите се обидувале да најдат одговори на бројни сложени прашања, поставувајќи теории и развивајќи методи кои придонеле за големи научни откритија. Сепак, и покрај огромниот напредок, постојат многу математички проблеми кои сè уште немаат конечно решение и продолжуваат да претставуваат предизвик за научната заедница.
Со цел да се збогатат содржините на Википедија на македонски јазик и да се овозможи поголема достапност на информации од областа на математиката, Викимедија МКД организира нова тематска уредувачка седмица. Преку оваа активност се поттикнува создавањето квалитетни енциклопедиски содржини, но и интересот за научните прашања кои со децении, а во одредени случаи и со векови, го привлекуваат вниманието на математичарите ширум светот.
Уредувачка седмица „Нерешени проблеми во математиката” се одржува од 9 ноември до 15 ноември 2026 година. Овој натпревар има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на оваа тема.
Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да бидат поткрепени со соодветни извори. При уредување на натпреварот, или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да си го запишат своето корисничко име на проектната страница, заедно со статиите кои ги напишале. Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаат можност и значајно да надополнат некоја постоечка статија.
Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.
Награди ќе им бидат доделени на тројцата најплодотворни учесници во облик на вредносни купони, и тоа:
- Прва награда: купон во вредност од 4.000 денари.
- Втора награда: купон во вредност од 3.000 денари.
- Трета награда: купон во вредност од 2.000 денари.
За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 20 статии!
Со организирањето на оваа уредувачка седмица, Викимедија МКД продолжува со своите активности насочени кон збогатување на Википедија на македонски јазик и поттикнување на волонтерското учество во создавањето слободно знаење. Тематските натпревари претставуваат можност за вклучување на нови уредници, но и за дополнително мотивирање на постоечката уредувачка заедница да придонесува во области кои заслужуваат поголема застапеност.
Ги повикуваме сите заинтересирани корисници да се приклучат на уредувачката седмица „Нерешени проблеми во математиката“ и со своите придонеси да помогнат во проширувањето на достапните информации од оваа научна област. Секоја новосоздадена или подобрена статија претставува значаен чекор кон поквалитетна Википедија и поголема достапност на слободното знаење за сите читатели на македонски јазик.