Програмата „Образование и наука“ има за цел да ја одржува и да ја прошири соработката со образовните и научните институции, така што ќе ја промовира Википедија како образовен ресурс, со цел да ги вклучи студентите и академскиот кадар во движењето Викимедија.
Ова програма е поделена на две потпрограми: Образование и Наука.
- Образование
Образовната програма вклучува активности поврзани со образованието на малолетните ученици (основно и средно училиште) и наставници, што значи обука и подучување на учениците како да ја уредуваат Википедија, да користат Commons и да придонесуваат за движењето Википедија, како и обука на наставниците како да ги користат Викимедија проектите како наставни алатки. Учениците најмногу се образуваат во Вики клубовите во повеќе училишта во неколку градови во Македонија. Секој клуб има назначен координатор Потпрограмата „Образование“ ги вклучува следните проекти:
-
- Конференции за наставници – четири конференции за наставници во текот на годината, со учество на најмалку 65 наставници вкупно, кои ќе бидат обучени, теоретски и практично, за користење на Википедија во училницата, како и за уредување и подобрување на Википедија;
- Вики клубови – едукација на студенти за работа на Википедија, кои натаму би можеле да продолжат да ја уредуваат Википедија;
- Натпревари за уредување за ученици, студенти и возрасни лица;
- Вики камп – тридневен камп за малолетни ученици и членови на Вики клубови. Се организира еден Вики камп за 30 до 40 активни членови на Вики клубовите и нови учесници, плус 12 возрасни: волонтери, наставници и Википедијанци;
- Менторства на професори и студенти – ангажирање на ученици од средните училишта и на студенти од универзитетите за да научат како да ја уредуваат Википедија и да придонесат за платформата;
- Работилници за Википодатоци – се организираат со цел за проширување на платформата ориентирана кон податоци, како што е Википодатоци;
- Наука
Научната потпрограма е насочена кон создавање на отворени образовни ресурси и создавање дигитални библиотеки, кои ќе бидат достапни за употреба во образованието преку проектите на Викимедија. Потпрограмата „Наука“ ги вклучува следните проекти:
-
- Викиексперименти – соработка со академски граѓани и акредитирани поединци во институтите, факултетите и универзитетите за да се избере широк спектар на научни експерименти од различни области на природните науки;
- Википредавања – иновативна иницијатива за подобрување на едукативната содржина на Википедија. Снимајќи видео-предавања одржани од експерти во нивните соодветни области, Википредавањата имаат за цел да обезбедат сеопфатни објаснувања за решавање на одредени прашања и поврзани теми.