Резултати од уредувачките денови и викенди за мај 2026 година

Уредувачките денови и уредувачките викенди претставуваат една од најзначајните активности за збогатување и развој на Википедија на македонски јазик. Преку овие организирани настани, уредниците имаат можност да работат на различни тематски подрачја, да создаваат нови статии, да ги подобруваат постојните содржини и да придонесуваат кон зголемување на достапноста на слободното знаење за пошироката јавност. Истовремено, овие активности овозможуваат поттикнување на соработката меѓу уредниците, размена на искуства и привлекување на нови учесници во заедницата.

Во текот на мај 2026 година беа организирани повеќе уредувачки денови и викенди, во рамките на кои учесниците активно работеа на збогатување на енциклопедиската содржина. Благодарение на нивната посветеност, ентузијазам и континуиран придонес, беа остварени значајни резултати кои уште еднаш ја потврдуваат виталноста и активноста на македонската википедијанска заедница.

Како резултат на заедничкиот ангажман, резултатите за мај 2026 година се следниве:

  • Учествуваа вкупно 16 уредници;
  • Беа напишани  235 нови статии, а подобрени 9 постојни статии и беше новосоздадена 1 предлошка.

Овој месец беa создадени рекорден број на статии, што претставува особено значајно достигнување и показател за зголемениот интерес за учество во уредувачките активности. Овие бројки не само што го одразуваат вложениот труд на учесниците, туку и ја потврдуваат нивната посветеност кон мисијата за создавање квалитетна, слободна и достапна енциклопедиска содржина на македонски јазик.

 И овој месец беше доделена награда за најактивен уредник. Добитник на наградата за мај е:

  • IvanKonev123 – вредносен ваучер од 2.500 денари.

Упатуваме искрени честитки до добитникот на наградата, како и благодарност до сите уредници кои земаа учество во уредувачките денови и викенди. Нивниот труд и посветеност имаат значајна улога во развојот на Википедија на македонски јазик и во збогатувањето на слободното знаење достапно за сите. Постигнатите резултати претставуваат силна основа за идните активности и поттик за понатамошно зголемување на учеството и продуктивноста на заедницата. Веруваме дека и во наредните месеци уредувачките денови и викенди ќе продолжат да бидат успешна платформа за соработка, учење и создавање нови квалитетни содржини.