Во текот на месец април и мај, волонтерите на ГЛАМ Македонија започнаа со дигитализација на материјали и артефакти кои се чуваат во НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје. Првите резултати веќе се појавија на Заедничката ризница, од која црпат сите јазични Википедии.
Линк на кој може да се следи напредокот:
Инаку ова е проект што се спроведува по потпишан договор со НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје. Проектот ќе се спроведува до крајот на октомври 2019 година.