ВИКИ ТИМ БИЛДИНГ

Вики Тим Билдинг беше оддржан од 22 до 24 октомври за членовите на ГЛАМ Македонија и ЕДУ координатори во близина на Охрид. Настанот го отвори претседателката на ГЛАМ Македонија, Снежана Штрковска. На настанот беа присутни 16 членови на ГЛАМ Македонија и ЕДУ координатори, и сите имаа мала дискусија, се претставија, заедно со своите достигнувања и искуства за Википедија и организирање на настани.

На вториот ден од настанот Валентина Трајкоска оддржа презентација за „Википедија и врската со младите“, а Наташа Неданоска оддржа презентација за „Растежот на Вики Клуб Охрид“ и „Градење на партнерства“. Во попладневните часови, за присутните кои што не уредувале досега на Википедија, беше одржана обука за пишување статии на Википедија.
На последниот ден Стојна Арсовска-Доневска оддржа дискусија за проблемите со кои се среќаваат координаторите, особено по КОВИД-19 пандемијата. Настанот заврши со говор од претседателката Снежана Штрковска, доделување на сертификати за учество.
Ова е прв ваков настан односно тим билдинг на членовите на ГЛАМ Македонија.