Победниците на едномесечниот уредувачки предизвик „Запознајте ја Шведска“ што се одржа во месец ноември за членовите на Вики Клубовите, како и претседателката на здружението на граѓани ГЛАМ Македонија, Снежана Штрковска, и двајцата координатори за овразование и ментори на учениците, беа поканети во Македонската опера и балет во Скопје на 13 декември. Денот на Света Луција е празник што Шведската амбасада во Скопје го слави секоја година. Многу политичари и амбасадори, беа присутни на оваа прослава. Наградите беа доделени од шведската амбасадорка г-ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон. Дел од атмосферата на фотографиите.
„Запознајте ја Шведска“ е четврт уредувачки предизвик од овој тип во организација на ГЛАМ Македонија.