Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести денеска почнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2022’’
На први Февруари започна уредувачкиот едномесечен маратон за уредување на статии од страна на Вики Клуб Охрид, во рамките со националната кампањата „Ги запознаваме ретките болести“.
Четврта година по ред, Вики Клуб Охрид го посветува месец февруари на збогатување на содржините како и со уредување на сттаии на Википедија на македонски јазик за подигање на свеста за ретките болести под мотото „За да не се ретки оние кои знаат за ретки“. Википедија на македонски јазик е збогатена со нови 28 уредувачки статии, се со цел за подигнување на свеста за луѓето погодени од некоја ретка болест, но и со проблемите со кои се соочуваат тие и нивните семејства.
ГЛАМ Македонија им благодари на сите волонтери на Вики Клуб Охрид за успешното збогатување на Википедија на македонски со содржини од големо значење.