На ден 14 март 2022 година се одржа уредувачки маратон на тема „Жените во уметноста“. Активноста е дел од глобалниот повик Celebrate Woman којшто се одвива во текот на месец март. Настанот се одвиваше на повеќе локации низ Македонија: Охрид, Велес и Скопје (Чифте амам).
Учествуваа членови на речиси сите вики клубови, како и возрасните википедијанци. Во соработка со Националната галерија на Македонија, беше одржана работилница, во чии рамки учениците, членови на вики секцијата од Скопје, од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево, имаа можност да ја проследат изложбата во Чифте амам со наслов „Процут на женственоста“. Во библиотеката во Велес беше одржано заедничко уредување, и членовите на Вики Клуб Охрид се собраа на заедничко уредување.
На уредувачкиот маратон се приклучија 41 учесници, создавајќи 239 нови статии.
Ова беше еден од поголемите настани во организација на Глам Македонија.
На фотографиите дел од атмосферата: