ВИКИ КЛУБ ОХРИД – нова интересна работилница

Од пред една година започна соработка и партнерство со Националниот парк Галичица кое е од огромна значајност за Википедија на македонски јазик и за нејзино збогатување со статии за вредниот ендемски жив свет во неа.

На инцијативна на една од најпосветените членови, Наташа Неданоска, се одржа работилница и предавање на тема: „Водоземци и влекачи во национален парк Галичица“ во просториите на НП Галичица. Предавањето го водеа Еди Фрцовски и Александар Минев од ИДСБ, а домаќин на настанот беше Ангела Тасеска од ЈУНПГ. На предавањето присуствуваа ученици од ООУ „Кочо Рацин“- Охрид, членови на Вики клуб Охрид, под менторство на координаторот Наташа Неданоска, кои по ова предавање, збогатени со материјали и информации од областа на херпетологија, за поединечните видови би ја збогатиле со статии Википедија на македонски јазик.

Целта е да се збогати Википедија на македонски јазик со квалитетни статии од областа на науката и културата и сè што е поврзано со градот Охрид во соработка со соодветните институции за нејзиниот регион, оставајќи трајни вредности на енциклопедијата. – велат од Вики клубот Охрид.