ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТАТУЕТКИ ЗА ТРАЕН ПРИДОНЕС

На ден 25 05 2022 година се одржа свечено доделување на првите статуетки на Википедијанци за траен придонес, кое претставува највисоко признание кое што им се доделува на уредниците на Википедија на македонски јазик во знак на благодарност за нивниот долгорочен придонес кон проектот. Секој од наградените уредници се здоби со наградна статуетка со википедиски мотив – логото на Википедија.
Во план е  да се доделуват секоја година статуетки на Википедијанци кои ќе ги исполнат условите:
* најмалку 10 години од првото до последното уредување;
* најмалку 10 последователни години со направено уредување;
* најмалку 10.000 уредувања (без вратени и автоматски уредувања); и
* уредникот не бил блокиран на временски период подолг од една седмица

Ни претставува огромна чест и задоволство што овие статуетки ги доделува заедницата секоја година во знак на благодарност на Википедијанците кои се залагаат и ја збогатуваат Википедија на македонски јазик, изјави Снежана Штрковска председател на Глам Македонија.