Википедија полни 23 години! Проектот „Википедија“ и идејниот концепт за истиот се родени пред точно 23 години, на 15 јануари 2021 година, кога Џими Вејлс и Лери Сангер дошле до идеја да ја основаат најпозната смрежна енциклопедија во светот.
Овој убав ден треба соодветно да се одбележи, и поради тоа, Викимедија МКД организира прослава за денот на Википедија. Поточно, во понеделник на 15 јануари 2024 година во 19:00 часот во кафе-барот „ Пјаца Либерта“ во Скопје, Викимедија МКД организира роденденски собир. Настанот се одблежува на денот кога е основана Википедија, односно англиската верзија на Википедија, која воедно е и првата верзија на оваа повеќејазична енциклопедија.
Википедија денес е седма најпосетувана мрежна страница на Интернет и е достапна на 326 јазици. Таа се одржува и обновува со помош на огромна заедница на уредници-волонтери, кои се потпираат на повторувачки процес на објавување и коригирање. Се проценува дека 250.000 луѓе низ светот придонесуваат на „Википедија“, а месечно се проценува дека има 22 милијарди посети.
Енциклопедијата го слави својот роденден и во Скопје. Имено, Викимедија МКД ги повика сите заинтересирани уредувачи да напишат симболично по една статија на 15 јануари 2024 на слободна тема. Тоа ќе биде нашиот симболичен роденденски подарок за Википедија.
Исто така ве повикуваме и на забавата, истиот тој ден на 15 јануари 2024 во „Пјаца Либерта“ во Скопје. Оваа наша прослава е дел од глобалната низа настани по повод роденденот и кои се одржуваат на шест континенти.
Среќен роденден Википедија!

Обуката помина во исклучително конструктивна работна и креативна атмосфера. Како и досега овие обуки содржат три делови. Во првиот зборуваше Снежана Штрковска, Претседател на ГЛАМ Македонија (GLAM -galery, library, arshive,museum) , за значењето, организацијата и функционирањето на нашата јазична Википедија на македонски јазик.
Какви форми на организација има ГЛАМ Македонија како непрофитна организација со акцент на организиарњето на Вики Камповите, наставниците ги запозна Валентина Трајковска, наставник и член на ГЛАМ. Вики камповите се одржуваат секоја година (освен годините на корона ) и на нив учествуваат членови на активните Вики клубови. Секој камп има своја тема на која за време на кампот се пишуваат статии.
Дел од оваа обука е предавањето за Медиумска писменост и култура, кое го презентираше М-р Татјана Гогоска, новинар и магистер по комуникациски науки. За значењето на медиумското описменување на децата и возрасните, неговите цели, примена , учеството на поединецот во создавање а не само консумирање на медиумски содржини зборуваше Гогоска.

На оваа работилница Дедо Целе им ја кажа историјата за гајдаџиството во нивното село и нивното семејство, за неговите настапи на многу фестивали, за процесот на изработка на гајдата и за нејзино свирење.
Учениците од Гимназијата “Наум Наумовски – Борче” во Пробиштип под менторство на професорката Елвира Јакимовска, професор по македонски јазик и литература, формираа Вики клуб со образовна поддршка на Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ Македонија.
Формирањето на Вики клубот, доби поддршка и од директорката на Гимназијата Снежана Насевска, за која секоја корисна новина за учениците е добредојдена а нејзините амбиции се учениците да станат Википедијанци во вистинската смисла на зборот.
Глам Македонија со формирањето на овој Вики клуб направи уште еден чекор во реализација на образовната програма која е корисна за целиот тој регион.

Денеска во просториите на ОУ “Невена Георгиева Дуња беше формиран Вики клуб.
И овој Вики клуб е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија и претставува чекор во проширувањето на Википедијата на македонски јазик, за која постојано се залагаме – истакна Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ Македонија.